Орангутан бакнува мало момче в уста

Орангутан бакнува мало момче в уста

Кога ова момченце ги залепило неговите усни на стаклото, за возврат добило повеќе отколку што очекувало. Џиновскиот орангутан очигледно е доста емотивен бидејќи веднаш возвратил на невиниот детски бакнеж, односно ја изимитирал неговата постапка. Мајмунска работа! 🙂Орангутан бакнува мало момче в устаОвој неверојатен момент го уловила руската фотографка Олга Димитриева, на која фотоапаратот ù бил при рака во моментот на случување на необичниот бакнеж во московската зоолошка градина. Присутните луѓе останале вџашени кога ја виделе фотографијата. Олга вели дека тоа било прекрасно нешто кое имала прилика да го посведочи.

Во московската зоолошка градина има повеќе од 6.000 животни и 1.000 различни видови, кои се сместени на површина од 21 хектар земја. Експертите во овој центар го проучуваат однесувањето на животните, нивниот начин на исхрана и размножување. Многу од животните кои се чуваат во оваа зоолошка градина се ретки и загрозени видови.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар