Оптичка илузија: убавите славни личности стануваат грди

Оптичка илузија: убавите славни личности стануваат грди

Очите понекогаш ни прават трикови и нè тераат да се запрашаме дали она што го гледаме пред нас е реално или не. Со овој трик, ќе помислите дека лицата на овие познати личности се на некој начин изобличени, и покрај тоа што тие на фотографиите изгледаат совршено нормално.

Оптичка илузија: убавите славни личности стануваат грди

Оваа оптичка илузија ја открил еден студент кој правел експеримент, за чии потреби морал да разгледа голем број фотографии со човечки лица. После некое време забележал дека доколку гледаш две лица истовремено, тие ќе почнат да изгледаат изобличено, и покрај тоа што во реалноста, сè е во ред и со луѓето и со фотографиите.

Ефектот зависи од тоа на кој начин ги набљудуваме лицата едно наспроти друго. Доколку очите на двете лица, се порамнети во иста линија и фотографиите се менуваат набрзина, како што тоа е сторено во видеото, на гледачот му станува полесно да ги спореди лицата, поради што разликите помеѓу нив стануваат поекстремни. Доколку некој има голема вилица, изгледа џиновска. Доколку некој има големо чело, изгледа крушковидно“ – објаснуваат истражувачите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар