Оптичка илузија која ги збуни дури и оние со око соколово
Оптичката илузија со прачки е најновата загатка која ќе ви го „заскокотка“ мозокот. Вашата задача е да откриете колку прачки има на сликата.
Добро погледнете ја фотографијата на која има низа од правоаголни прачки. Доколку ги броите прачките според нивните почетоци, ќе изброите 8 прачки, но ако ги броите од крајот, ќе добиете 7. Кога малку подобро ќе ги погледнете краевите на прачките од десната страна на сликата, ќе видите дека нешто не е во ред со нив и дека тие не се целосни.
Првите пет прачки (кога броите од врвот на фотографијата) се целосни, односно имаат облик на правоаголник, но потоа работите стануваат малку збунувачки. Кој е вашиот конечен одговор?
Доколку не можете да се одлучите, погледнете го решението на оваа загатка.
Решение
На сликата има всушност 6 прачки. Имено, има 5 целосни прачки кои можете јасно да ги видите ако броите од врвот на фотографијата до последната прачка (онаа што ви е најблиску). Двете претпоследни прачки не се целосни, односно прават вешта оптичка илузија.
Погледнете го и видеото за оваа забавна загатка да ви стане уште појасна.