Опасни работи што му се случуваат на телото кога ќе проголтате поголема количина солена морска вода

Опасни работи што му се случуваат на телото кога ќе проголтате поголема количина солена морска вода

На човечкото тело му е неопходна вода за да живее, но тоа не е во можност да ја обработува морската вода за хидратација. Ако случајно проголтате малку солена вода, тоа не би требало да остави некои последици на вашето здравје, но големите количини може да доведат до сериозна дехидрација.

1-opasni-raboti-koi-mozhe-da-mu-se-sluchat-na-teloto-koga-na-more-kje-progoltate-solena-voda-www.kafepauza.mk_

Концентрацијата на сол во морската вода е за 75% поголема од концентрацијата на сол во човечкото тело. Телото мора да се избори со таа разлика и да го елиминира вишокот. Морската вода не го хидрира телото, туку го дехидрира.

Несаканите ефекти на дехидрацијата брзо ќе се појават. Овие несакани ефекти вклучуваат сува уста и забрзана работа на срцето. Нискиот крвен притисок, вртоглавицата и главоболката, исто така, се рани знаци на дехидрација.

Ако сте проголтале голема количина морска вода, ќе доживеете чувство на збунетост и ќе станете летаргични. Овие почетни симптоми ќе се влошат ако продолжите да голтате солена вода. Откажувањето на бубрезите ќе се случи кога вашето тело повеќе нема да може да произведува урина. На телото му е потребна употреблива, свежа вода, за да се произведува урина.

2-opasni-raboti-koi-mozhe-da-mu-se-sluchat-na-teloto-koga-na-more-kje-progoltate-solena-voda-www.kafepauza.mk_

Покрај тешката дехидрација, морската вода може да содржи и индустриски загадувачи како што се биолошки отпад, нуклеарен отпад и бактериски токсични билки. Тие може да предизвикаат разни болести, вклучувајќи труење, па дури и смрт.

Можни краткотрајни несакани ефекти се: сува уста, забрзана работа на срцето, низок крвен притисок, главоболка, вртоглавица, збунетост и летаргија.

Можни долготрајни несакани ефекти се: тешка дехидрација, инсуфициенција на бубрезите, несвестица, болести поврзани со загадувањето, па дури и смрт во екстремни случаи.

Сепак, никако немојте да заборавите дека морето е одлично за вашето здравје, а како доказ ги имаме овие факти што објаснуваат зошто морето толку многу нѐ опушта и зошто е толку добро за нашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар