Она што вообичаено го чкртате на хартија открива нешто за вашата личност
За време на здодевни состаноци, кога зборувате на телефон или додека отсутно размислувате со празен лист хартија пред вас, сигурно имате обичај да цртате коцки, квадрати, ѕвездички или нешто слично. Погледнете каква личност сте во зависност од ваквата ваша навика.
Андреја Мекникол е познат американски графолог и автор на книгата „Handwriting Analysis: Putting It to Work for You“, чии совети често се користат во судски случаи. Таа одлучила да нè информира за значењето на најкласичните чкртаници кои откриваат некои заеднички карактеристики за карактерот на луѓето.
Квадрати – Личност која сака да биде конструктивна, делотворна, од помош, корисна, практична и позитивна.
Коцки – Личност која е во состојба да ги погледне и да им пријде на проблемите од сите можни страни.
Триаголници – Откриваат логичен и рационален ум, личност која сака да ги завршува работите до крај.
Линии без смисла – Ако вашите цртежи најчесто се состојат од линии кои не се поврзани или не чинат некој препознатлив облик, тогаш вие веројатно се чувствувате како да немате доволно стабилна потпора во вашиот живот, а можеби причина за ова е фактот дека сте биле изневерени.
Ѕвездички – Надеж, поглед нанапред и оптимизам.
Кругови – Ако целите вашите кругови да се секогаш правилни, тогаш вие сте пасивна личност, но исто така многу поврзана за друштвото, односно имате потреба да се дружите со зборлести луѓе кои се флексибилни и имаат потреба да им се допаѓаат на другите.
Срценца – Личност која мисли на љубовта.
Цветови – Ја претставуваат женствената страна на личноста, како и желбата за развој, природа и проширување на семејството.
Лица – Најчесто лицето кое го цртате ја опишува состојбата на вашата свест. Затоа, од вас зависи дали ќе нацртате насмеано или натажено лице. Ненацртаните делови симболизираат чувство на губиток или недостаток од нешто.
Дрво – Го претставува нашето его и нашата амбиција. Обрнете внимание на гранките: ако се голи и свиени кон дното, тоа означува депресија и недостаток на борбеност.
Стрелки – Ве води желбата, амбицијата и мотивацијата за успех.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
jas sam te najbole