Омилените книги на славните личности
Дали знаете која е омилената книга на Мадона? Или можеби ве интересира што сака да чита актуелниот американски претседател Барак Обама?
Лејди Гага
Поп-иконата Лејди Гага тврди дека секој ден ги чита делата на поетот Рилке, што и не е изненадување ако се знае дека таа ги има истетовирано неговите стихови на раката.
Омилена книга: „Писма до младиот поет“ од Рајнер Марија Рилке
Бил Клинтон
Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, вели дека ги обожава популарните трилери и мистерии, но неговата омилена книга повеќе се поврзува со траумата и злоупотребата.
Омилена книга: „Знам зошто пее птицата во кафез“ од Маја Ангелоу
Бен Афлек
Популарниот актер Бен Афлек кој важи за човек од ренесансата на филмската индустрија, за себе вели дека обожава да чита книги, а доказ за тоа е и Оскарот кој го освои за најдобро оригинално сценарио.
Омилена книга: „Шахот на шаховите“ од Ришарт Капушчински
Барак Обама
Претседателот на САД, Барак Обама, беше најпродаван автор пред да ја започне својата претседателска кариера. Иако тој и неговите ќерки напишале писмо до писателот Јан Мартел во кое ја изразиле нивната благодарност за книгата на Мартел, „Животот на Пи“, оваа книга сепак не е неговата омилена.
Омилена книга: „Самоувереност: Мудроста на Ралф Валдо Емерсон како инспирација за секојдневниот живот“ од Ричард Велан
Мишел Обама
Првата дама на САД, Мишел Обама, својата омилена книга ја опишува како книга која ја прочитала од првата до последната страна за само еден ден, не затоа што некој ја натерал, туку затоа што книгата била навистина добра.
Омилена книга: „Песна над песните“ позната уште како „Песната на Соломон“ од Тони Морисон
Кејт Мидлтон
Иако важи за голем обожавател на британската литература, Војвотката од Кембриџ ја фаворизира работата на една канадска писателка од почетокот на 20-от век.
Омилена книга: „Ана од зелените покриви“ од Луси Монтгомери
Гвинет Палтроу
Гвинет Палтроу, која е позната како страстен читател на книги, вели дека првата книга која ја има прочитано е всушност нејзината омилена книга. Ја читала заедно со нејзината мајка, кога имала само 10 години.
Омилена книга: „Џејн Ер“ од Шарлот Бронте
Џеј Зи
Во врска со неговата омилена книга, Џеј Зи изјавил дека таа е една од двете книги според кои тој го живее својот живот. Како што тој растел, така сè повеќе се интересирал за религијата, а неговата омилена книга има најмногу смисла кога се работи за начинот на живеење.
Омилена книга: „Местото на душата“ од Гери Зуков
Роберт Патинсон
Англискиот срцекршач, Роберт Патинсон, минатата година ја сподели својата омилена книга во „Шоуто на Опра Винфри“. Неговиот неодамнешен избор на книжевни дела ја вклучува поезијата на Шарл Бодлер.
Омилена книга: „Собрани поеми“ од Шарл Бодлер
Џоан Роулинг
Откако ја објави сагата за Хари Потер, Џоан Роулинг си создаде армија обожаватели од сите возрасти. Но, кога се работи за нејзината омилена книга, таа им дава предност на комедијата и магијата.
Омилена книга: „Ема“ од Џејн Остин
Доналд Трамп
Магнатот за недвижности и еден од најуспешните бизнисмени, Доналд Трамп, повеќе би сакал да чита практични водичи, отколку светски класици.
Омилена книга: „Моќта на позитивното размислување“ од Норман Винсент Пил
Мадона
Сознанието за омилената книга на Мадона било сосема случајно, кога еден нејзин пријател ги постирал насловот и авторот на книгата на нејзиниот блог.
Омилена книга: „Сопругата на патникот низ времето“ од Одри Нифенгер
Натали Портман
Според Натали Портман, која ги заврши студиите по психологија на Универзитетот Харвард во 2003 година, најдобрата психологија е во литературата. За неа е полесно да го разбере ликот отколку теоријата.
Омилена книга: „Министерство за посебни случаи“ од Артур Мореј
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.