Омажи се за мене: Најлошите понуди за брак на сите времиња!
Секојдневно слушаме многу различни приказни за емотивни и романтични понуди за брак кои предизвикуваат насмевка на нашето лице и се паметат засекогаш. Секако, постојат и некои кои актерите во нив сакаат што побрзо да го заборават тој момент. Корисниците на Reddit ги споделија со светот своите приказни за најлошите понуди за брак. Дали би му кажале „ДА“ на вашиот партнер, ако тој ве запроси на еден од овие начини?
„Мојот татко е познат по тоа што нема многу такт. Начинот на којшто ја запросил мојата мајка е најлошиот на целиот свет. Ја прашал колку килограми може да ослаби до септември. Кога таа збунето го погледнала, ѝ рекол дека тогаш може да направат свадба.“
„Бевме на музички концерт и испивме малку повеќе. Направив прстен од две тревки. Страшно!“
„Мојот пријател ѝ купи дијамантски прстен на својата девојка за роденден без никаква намера да ѝ предложи брак. Таа го отвори подарокот и рече ‘Па секако дека ќе се омажам за тебе!’ Наместо да ја разјасни неудобната ситуација, тој се одлучи да се прави луд дека навистина планирал да ѝ предложи брак. На крајот, раскинаа!“
„Мојата сопруга ми кажа дека предлогот за брак ѝ останал во сеќавањето како трауматично искуство. Беше во 6-тиот месец од бременоста. Бевме во нашиот стан и се спремавме да одиме на еден саем. Ѝ реков дека мораме сериозно да поразговараме, ја замолив да седне, а потоа започнав со приказната дека нешто ми смета во нашата врска и тоа може да се реши само ако… Таа се омажи за мене!“
„Пред да ги изговорам последните зборови таа помисли дека раскинувам со неа и дека ќе ја оставам сама со нашето дете. Започна да плаче, ме удри и на крајот се согласи. Баш сум среќник поради тоа што е моја, само би сакал сето тоа да го направев малку поразлично.“
„Ја запросив мојата жена со мала помош. Полицаецот го запре нејзиниот автомобил, ја замоли да излезе од него и ѝ кажа дека таа е осомничена за злочин. Таа стана многу нервозна и тогаш полицаецот ја извади мојата фотографија и ѝ кажа ‘Го украдовте срцето на овој човек’. Тогаш јас излегов од полицискиот автомобил и клекнав пред неа.“
poslednoto i ne e taka loso