Одредени истражувања покажале како зелените површини можат да го забават биолошкото стареење!

Одредени истражувања покажале како зелените површини можат да го забават биолошкото стареење!

Градските паркови и зелените површини имаат бројни придобивки кои помагаат да се справите со топлината, го чуваат биолошкиот диверзитет и обезбедуваат чувство на мир во урбаните средини.

Одредени истражувања покажале како зелените површини можат да го забават биолошкото стареење!

Една неодамнешна студија открила дека пристапот до овие зелени површини, исто така, има позитивно влијание врз забавувањето на биолошкото стареење.

Имено, луѓето кои редовно посетуваат вакви зелени површини се во просек биолошки две и пол години помлади во споредба со оние кои немаат пристап до такви простори.

„Доколку живеете во близина на зелени површини, тоа може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст“, изјави Кјезу Ким, главен автор на студијата и соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн.

„Веруваме дека нашите наоди имаат значителни импликации за урбаното планирање во смисла на проширување на зелената инфраструктура за подобрување на јавното здравје“, додаде таа.

Досега е забележана врска помеѓу изложеноста на зелените површини и подобреното кардиоваскуларно здравје и намалувањето на смртноста.
Неодамнешните истражувања сугерираат дека причината за подмладување може да биде поврзана со зголемената физичка активност и социјалните интеракции што се случуваат во парковите. Сепак, сè уште не е јасно дали навистина парковите го забавуваат стареењето на клеточно ниво.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 6 знаци според кои вашето тело старее пребрзо.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар