Одморот од 4 дена можеби е подобар од цела недела
Понекогаш цела недела одмор може да биде премногу. Експертите сметаат дека одморот од 4 дена е сосема доволно за да ги наполните батериите и да го подобрите физичкото и менталното здравје без проблемите што настануваат со предолгото отсуство од дома и од секојдневниот живот.
Подобро ќе се одморите
Одморот од 3 дена е одличен бидејќи на овој начин ќе можете да земете повеќе кратки одмори во текот на годината. Ова ќе ви даде нешто за планирање и некоја цел. Исчекувањето пред да одите на одмор е еден од најздравите и најдобрите делови од целиот процес. Па кога ќе бидете во можност да отидете на повеќе пократки одмори, ќе имате и повеќе моменти со исчекување.
Ќе поминувате помалку време патувајќи
Кога патувате поблиску до дома, ќе поминете повеќе време на самото место отколку по пат. Покрај тоа, на овој начин ќе ја намалите емисијата на јаглерод. Неколку кратки патувања во текот на годината ќе ви предизвикаат повеќе задоволство отколку едно долго.
Прифатете ја спонтаноста
Пократките патувања ќе ви овозможат да закажувате одмор во последен момент и ќе можете да истражите повеќе места. Навистина ќе ви биде од помош ако патувате со ограничен буџет и не сакате да трошите многу пари за подолг престој.
Секој ден ќе биде важен
Понекогаш трошоците за стигнување до дестинацијата ќе ве натераат да го затегнете паричникот. Поради ова одморот од 4 дена е многу порелаксирачки. Знаете дека се малку денови, па ќе го цените секој. Сигурно сте забележале дека при крајот на секој одмор постојано размислувате за работата и имејловите што ве очекуваат кога ќе се вратите. Кога сте настрана на само 4 дена навистина ќе се релаксирате и ќе ви биде важен секој ден од одморот.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека треба веднаш да заминете на одмор.