Одлични вести: Тортата за појадок може да ви помогне да изгубите килограми

Одлични вести: Тортата за појадок може да ви помогне да изгубите килограми

Доколку и вие сте од оние кои се борат со вишокот килограми, имаме одлични вести за вас. Можете ли да се сетите колку пати сте се воздржувале да не изедете парче од вашата омилена торта? Истражувањата покажуваат дека јадењето торта токму за појадок може да ви помогне во борбата со вишокот килограми.

Всушност, со истражувањето направено од Универзитетот Тел Авив во Израел, каде што биле опфатени 193 возрасни со прекумерна тежина, научниците дознале нешто многу интересно. На половина од нив им бил доделен појадок што содржел 600 калории и вклучувал десерт, како торта или колачи. На другата половина им било кажано да јадат оброк што содржи 300 калории. И двете групи внесувале ист број калории дневно: 1.600 калории за мажи и 1.400 калории за жени. Групата што имала поголем појадок имала помалку калории (300-400) за вечера.

Одлични вести: Тортата за појадок може да ви помогне да изгубите килограми

По 16-неделно почитување на овој режим на исхрана и двете групи изгубиле приближно исто килограми. Сепак, во периодот после истражувањето им било предложено на учесниците да продолжат да го следат овој режим на исхрана. Групата што имала помал појадок ја зголемила својата телесна тежина за 11 килограми, додека пак онаа што внесувала поголема количина за појадок изгубила просечно 7 килограми. Ова уште еднаш покажува дека појадокот е најважниот оброк во денот. Исто така интересен е податокот дека оние коишто во појадокот имале десерт, понатаму во текот на денот имале помалку апетит и внесувале помало количество храна.

„Десертот обично ја намалува желбата за јадење во текот на денот“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Даниела Јакубович. „Кога ќе се разбудите, на вашиот мозок уште веднаш му е потребна енергија. Ова е време од денот кога вашето тело ја претвора храната во енергија. Подоцна во текот на денот, кога јадете, вашите тело и мозок ја складираат енергијата од храната како резервни масти. На овој начин ги добивате вишокот килограми, иако јадете помалку.“

Секако, постојаното јадење рафиниран шеќер и брашно не е добро за никого, па затоа можете повремено да имате парче торта за појадок, само тоа да не ви прерасне во секојдневна навика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар