Одлични трикови кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот ракопис

Одлични трикови кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот ракопис

Во денешно време, сите ние повеќе ја користиме тастатурата отколку рацете, поради што нашиот ракопис трпи последици. Сепак, понекогаш ќе ви притреба да се послужите со пенкало или молив. Кога тоа ќе се случи, сигурно нема да сакате вашиот текст да биде нечитлив. Со цел да ви помогнеме да го подобрите вашиот ракопис, ви предлагаме неколку ефикасни совети.

1-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_

1. Пишувајте полека

Најверојатно сте забележале дека вашиот ракопис изгледа поразлично кога сте одвоиле време за убаво да ја напишете секоја буква и тогаш кога набрзина сте запишале нешто. Токму затоа треба да забавите секогаш кога пишувате рачно. Тоа може да биде доста тешко кога седите во училницата со професор или сте на состанок со шеф кои зборуваат со брзината на светлината. Сепак, кога ќе ја работите вашата домашна задача или работната обврска, ќе имате доволно време за да го напишете секој збор полека и внимателно.

2. Протегнете ги вашите зглобови за да се опуштат

Сигурно не сакате вашите зглобови и раце да бидат вкочанети додека пишувате. Токму поради тоа, без разлика колку смешно ви звучи, добра идеја е да го истегнете вашето тело пред да започнете со пишување. Поради ова, вие ќе се чувствувате поопуштени, а зборовите ќе се слеваат како што треба.

3. Држете го вашето пенкало долу

Сигурно не го држите вашето пенкало на врвот, туку некаде на средината. Вашите прсти треба да бидат колку што е можно поблизу до врвот со кој пишувате. Доколку не го држите правилно вашиот прибор за пишување, тогаш на крајот ќе добиете невешт ракопис. Најпрво треба да ги совладате основните правила пред да забележите напредок, па затоа осигурете се дека го држите вашето пенкало правилно.

2-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_

4. Движете ги вашите лакти, а не зглобовите и прстите

Поместувањето на зглобот е најголемата грешка која ја прават луѓето додека пишуваат. Вие всушност треба да ги поместувате вашите лакти, а не прстите и зглобовите. Ова можеби е тешко да се направи, па токму поради тоа е добро да започнете да пишувате гигантски писма во воздухот со вашата рака. Откако ќе го совладате тоа, можете да продолжите кон пишување сѐ помали и помали писма, сѐ додека не ги собере на лист хартија.

5. Држете го вашето пенкало полабаво

Некои луѓе ги држат своите пенкала или моливи со преголема сила. Сепак, доколку сакате вашиот ракопис да изгледа убаво, треба да го опуштите вашиот зафат. На тој начин, ќе ви биде многу полесно да ги создадете линиите на буквите.

6. Пишувајте почесто со рака, наместо да куцате на тастатура

Ако сакате вашиот ракопис да изгледа подобро, тогаш мора да се обидете почесто да пишувате рачно. Наместо да ги пишувате работните задачи на компјутерот, обидете се да ги запишете во тетратка. Наместо да им пишувате пораки на вашите пријатели од странство, обидете се да им пратите рачно напишано писмо. На тој начин ќе си издвоите повеќе време за вежбање.

7. Останете на линиите

Ако вашиот ракопис треба да се подобри, тогаш обезбедете си тетратка со линии. Ако пишувате на празен лист хартија, на крајот ќе добиете коси реченици и нееднакви големини на буквите. Секако, доколку користите тетратка со линии, тогаш ќе биде потешко да ги направите наведените грешки. Тоа е причината поради која секогаш треба да имате тетратка при рака.

3-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_

8. Извежбајте ја основата

За да го подобрите ракописот, обидете се да ги извежбате основните облици, како што се линиите и круговите. Целиот ракопис е составен од линии и (полу)кругови. Кога константно ќе можете да ги правите истите форми одново и одново, тогаш можете да продолжете и да се обидете со целосни букви.

9. Користете насочена шема

Изгледа како за во градинка, но понекогаш ги забораваме точните начини за пишување на буквите од азбуката. Со проучување на насочената шема ќе го научите правилниот начин за пишување на буквите и тоа ќе го подобри вашиот ракопис.

10. Испробајте различен прибор

Некои луѓе пишуваат подобро со молив, други пак со пенкало, па затоа обидете се да пишувате со различен прибор, дури и со различна дебелина од истиот, за да забележите кој ви овозможува да имате најдобар ракопис. Можеби ќе го пронајдете вашиот омилен прибор за пишување кој ќе направи чудо за вашиот краснопис. И покрај тоа што сте научиле да пишувате додека сте биле дете, секогаш постои простор за напредување.

4-odlichni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-popravite-vashiot-rakopis-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар