Одлични изговори кои ќе ви помогнат да не отидете денес на работа

Одлични изговори кои ќе ви помогнат да не отидете денес на работа

Понекогаш вработените би кажале буквално СÈ само за да добијат слободен ден. Но, во последно време креативноста на луѓето постојано се зголемува и веќе ретко кој ја употребува познатата изрека „Имам некој чуден вирус, подобро да не дојдам на работа денес“.

Доколку и вие имате еден од оние денови кога би направиле сè само да останете дома, разгледајте ги наредниве неколку изговори кои „со сигурност“ ќе ви помогнат да не отидете на работа…

Одлични изговори кои ќе ви помогнат да не отидете денес на работа

1. Вчера испив премногу кафе и не можев да заспијам цела вечер. Ако дојдам денес на работа веројатно ќе заспијам за 20-тина минути…

2. Гатачката ми рече дека денес треба да бидам дома. Звучеше многу убедливо.

3. На диета сум.

4. Сите алишта ми се за перење, немам што да носам.

5. Премногу е облачно надвор, големи се шансите да има невреме подоцна.

6. Кучето ми ги сокри клучевите.

7. Мачката ми ја изеде вратоврската.

8. Удрив желка додека ја поминував улицата и мора да ја однесам на ветеринар.

9. Во „мрчаторско“ расположение сум, подобро да останам дома.

10. Времето е совршено за на плажа.

11. Немам веќе чиста долна облека.

12. Горивото поскапе сабајлево…

13. Син ми/ќерка ми си ги заборави патиките дома, мора да му/ѝ ги однесам на училиште.

14. Добив напад на алергија кога помислив на канцеларијата.

15. Не ме собираат обувките бидејќи нозете ми се премногу отечени.

16. Морав да се осигурам дека градинарот ќе засади сè каде што му реков.

17. Денес расположен/а сум само за гушкање, па мислам дека е подобро да останам дома.

18. Бебето ми ги голтна клучевите од колата.

19. Денес е неработен ден во мојата држава.

20. Само што добив на лото.

21. Полицијата побара помош од мене.

22. Имам змија во домот, ако не ја фатам нема да можам да дојдам на работа.

23. Има маратон од мојата омилена ТВ серија.

24. Братучетка ми почна да се пораѓа и јас сум единствената личност што може да ја однесе во болница на време.

25. Заклучена сум во сопствениот дом.

26. Ми се скрши предниот заб, мора итно да одам на забар.

27. Случајно си ги залепив прстите со супер лепак.

28. Во затвор сум и имав право само на еден повик, па се јавив кај вас за да ви кажам дека нема да можам да стигнам денес на работа.

29. Ме повикаа на суд – не можам да му кажам „не“ на законот.

30. Се зачитав текстови на Кафе пауза, нема да можам да стигнам на време. Ќе се видиме утре…

Кои се вашите најдобри изговори со кои успевате да „пропуштите“ ден на работа?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар