Одлична идеја: Сите посетители излегуваат од овој ресторан со бесплатна книга во рака

Одлична идеја: Сите посетители излегуваат од овој ресторан со бесплатна книга во рака

Во далечната 1970-та година, ресторанот „Патник“ прв пат ги отворил своите врати, нудејќи не само вкусни оброци туку и бесплатни книги. Звучи неверојатно, се согласувате? Кој би сакал да дава работи без да бара пари? Нема да ви се верува, но сопственикот на овој мал ресторан бил огромен љубител на книги, и откако домот му се преплавив со книги, тој решил да почне да ги подарува на оние што ќе го одберат неговиот ресторан за оброк.

Во 1993-та година сопствениците на ресторанот се смениле, но тие продолжиле со оваа прекрасна традиција.

„Ние подаруваме од една до две илјади книги неделно. Веќе стигнавме до тој степен да подаруваме по три книги од човек. Книгите доаѓаат од многу извори. Најчесто купуваме кога има распродажби по библиотеките, но и нашите муштерии често носат книги со нив. Откако работиме, имаме подарено над 2,5 милиони книги“, објаснува новиот сопственик.

Да, добро прочитавте! Над 2,5 милиони книги! И тие не планираат да застанат. Погледнете како изгледа овој ресторан што е вистински рај за љубителите на книгите. Можеби некој би требало да почне нешто вакво и кај нас?

Прочитајте ги и овие 11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар