Одговори на смешни прашања кои ги поставуваат дечињата
Дали понекогаш ви се случило да останете збунети кога вашето дете или внуче одеднаш ќе се сврти кон вас со некое прашање и љубопитно ќе почне да трепка? Магазинот „Real Simple“ за таа цел, приготвил краток прирачник кој ги нуди вистинските одговори на мистериите на детскиот универзум.
„Дали рипчињата спијат?“
Па може да се рече дека спијат, но никогаш нема да ги „уловите“ со затворени очи, бидејќи тие едноставно не ги затвораат очите. Повеќето видови риби имаат одредени фази во текот на кои нивниот метаболизам се забавува, така што и тие секако се одмораат, иако и тогаш очите им се ширум отворени.
„Зошто тревата e зелена?“
Поради хлорофилот, односно зелениот пигмент кој им овозможува на билките да се хранат.
„Зошто икаме?“
Икањето обично се појавува кога од некоја причина ќе се иритира дијафрагмата, мускулот на дното од градниот кош. Потоа, дијафрагмата брзо ќе се повлече, така што воздухот силно ќе навлезе во белите дробови, а кога тој воздух ќе „удри“ во говорниот апарат, се случува икањето – објаснува д-р Норман Еделман од Здруженијата на американските пулмолози. Икањето ќе престане кога ќе се опушти дијафрагмата.
„Зошто зевањето е заразно?“
Италијанските научници минатата година се занимавале со овој феномен. За заразност на зевањето е заслужна емпатијата. Произлегло дека поголема е веројатноста дека и ние ќе се проѕевнеме доколку зева некој што ни е нам близок, како на пример член на семејството или близок пријател, отколку ако зева некој кој не го познаваме. Според тоа, слободно можете да му кажете на вашето дете, дека ако почне да зева откако вие сте се проѕевнале, тоа всушност значи дека вам со тоа ви вели: „Мамо/тато те слушнав, и јас сум уморен“.
„Зошто мастиката не се лепи на забите?“
Објаснете му на детето дека тоа е иста ситуација како кога може да се слизне кога паѓа дожд или кога подот е мокар од некоја причина. Мастиката допира на забите кои се влажни од плунката, чие излачување е додатно зголемено поради џвакањето мастика – вели Де Ирвин Шмигел од Американската асоцијација на стоматолози.
„Зошто ни кркорат цревата?“
Ако не сме јаделе некое време, мозокот му испраќа порака на желудникот дека е време за јадење. Тој сигнал предизвикува „грмотевици“ бидејќи се ослободуваат желудочни сокови за да може храната која се очекува да се свари. Ако видиме или помирисаме храна, „одговорот“ на нашиот стомак ќе биде уште поинтензивен.
„Зошто не можеме да се скокоткаме сами себе?“
Кога некој ќе нè заскокотка, почнуваме да се смееме, подвикнуваме и се обидуваме да се оттргнеме, но ние всушност повеќе реагираме на ефектот на изненадување, отколку на самото скокоткање. Ако се обидеме да се заскокоткаме самите себе, ние однапред знаеме што ќе се случи, па поради тоа ефектот на изненадување изостанува и скокоткањето нема никакво влијание.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.