Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудовидат

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудовидат

Возрасните, исто како и децата, се љубопитни и сакаат да знаат зошто се случуваат одредени нешта и кое е нивното значење. Но понекогаш немате време да барате одговори, а по некое време целосно го заборавате и прашањето. Па, погледнете ги одговорите на некои од најинтригантните прашања што сигурно си ги имате поставено.

1. Од каде потекнува митот за сирените?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Во времето на Колумбо било навистина лесно да ги импресионирате луѓето. Моментално најубедливиот извор за митот на сирените е нивната сличност со белуга китовите. Овие суштества се убави, елегантни и навистина паметни и социјални. Најчесто живеат во Северно Ледениот Океан, а некои од нив се забележани и во водите на Шкотска и Ирска. Најверојатно овие китови комуницирале со суеверните морнари кои лесно верувале во сè.

2. Дали е возможно истовремено да дишете низ носот и устата?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Теоретски, би било возможно доколку напорно вежбате. Овој начин на дишење е популарен кај музичарите и јогините. Но природната реакција на телото кога вдишувате низ носот е да го блокирате патот за дишење од устата, и обратно.

3. Зошто некои звуци нè иритираат толку многу?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Звукот од гребење со нокти по табла за пишување е еден од најнепријатните звуци за повеќето луѓе. Истото важи и за плачењето на бебињата. Засега не е познато што ги предизвикува негативните емоции. Во истражување од 2006-та година научниците открие дека овие фреквенции се многу слични на оние што ги произведувале шимпанзата кога имало опасност. Најверојатно овие звуци нè иритираат поради нашите инстинкти. Но поверојатна е теоријата на невробиолозите според која овие звуци ја стимулираат амигдалата, односно делот од мозокот одговорен за страв.

4. Зошто наутро здивот ни мириса непријатно?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Плунката е природната заштита на устата. Ги убива бактериите, ги отстранува и го раствора и неутрализира сулфурот што мириса лошо. Па секој пат кога ја голтаме плунката милиони бактерии се отстрануваат низ грлото. Навечер голтаме поретко и лачиме помалку плунка, па не се убиени сите бактерии.

5. Дали меморијата на нашиот мозок има крај?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Во теорија меморијата на мозокот можеби има крај, но нема ваков документиран случај. Во нашиот мозокот има отприлика 2 квадрилиони бајти меморија. Споредено со видео камера што снима со висок квалитет, имаме доволно простор за снимка од 300 години. Па бројот на странски јазици и количеството теоретско и практично знаење што ги стекнуваме се ограничени само од нашето трпение и посветеност.

6. Што би се случило ако сите на Земјата скокнат истовремено?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Дел од енергијата би се вратила во нозете кога ќе се спуштите, а останатиот ќе заврши во земјата и воздухот. Ова може да предизвика неколку негативни последици. Пред сè, би имало многу силен звук. Најверојатно нашите ушни тапанчиња би пукнале. Потоа планетата ќе се затресе, а ако скокот е близу до море или океан, може да се предизвика бран од 30 метри. На крај најверојатно ќе има и земјотрес кој можеби ќе биде мал, а можеби доволно силен за да уништува згради.

7. Зошто луѓето се смеат кога другите се во болка?

Одговори на 14 интригантни прашања што ќе ве вчудоневидат

Овде станува збор за ситуации кога некој паѓа случајно. Причината е психолошки одбранбен механизам што се формира уште во детството кога околу нас имало непријатни ситуации. Кога гледаме личност што се повредува си замислуваме дека тоа ни се случува нам. За возврат се плашиме и ја имаме спротивната реакција за да не паничиме. Па, колку повеќе се смеете во вакви ситуации, толку почувствителни сте.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар