Одберете мандала и откријте ја пораката од вашето поголемо јас
Вашето поголемо јас секогаш е со вас и ве води низ животот. Но, како да ги добиете пораките што сака да ви ги прати? Еден начин е овој едноставен тест. Еве што треба да направите:
- Вдишете длабоко
- Фокусирајте се на пределот над вашата глава
- Одберете ја мандалата што најмногу ве привлекува
- Одвојте време за пораката за целосно да ја сфатите
Иако постојат само 3 симболи за одбирање, секој различно ќе ја сфати својата порака и ќе ја поврзе со неговата сегашна животна ситуација.
Мандала број 1
Семето коешто го посеавте денес ќе има фантастичен потенцијал за вас во далечната иднина. За оваа идеја е потребно многу време, планирање и трпение. Дозволете им на деталите да ви се покажат без форсирање. На овој начин ќе ја искористите приликата тогаш кога ќе ѝ дојде време. Ова е одличен начин да го започнете денот. Будете се со знаењето дека постојат безброј можности на вашиот праг кои само чекаат да ги пуштите во вашиот живот.
Мандала број 2
Време е да се тргнете настрана од нештата за коишто знаете дека ве држат наназад. Секој си има разни пороци – кофеин, пушење, пиење, расправање и слично. Секој има нешто што прави или нешто за што суди, а знае дека не е добро за него. Денес е совршен ден за да го смените тоа нездраво однесување. Заменете го со нешто позитивно, нешто што е добро за вашата душа. Ако долго се дружите со негативни луѓе или ги трпите, можеби сега е време да се оддалечите од нив. Тоа не ѝ е потребно на вашата душа. Хранете ја неа, а не вашиот неред.
Мандала број 3
Денес е вашиот ден за пресуди. Време е да почнете да преземате одговорност во вашиот живот. Иако одвреме-навреме тоа може да изгледа навистина страшно, не дозволувајте стравот да ве спречи да го живеете животот што го заслужувате. Ова значи неколку нешта:
- Ќе започнете нова фаза во вашиот живот.
- Можете да се исчистите од последиците од вашето лошо однесување ако одвоите време да размислите и да преземете одговорност за вашите постапки и неактивност.
Кога ќе бидете одговорни за вашиот живот и кога ќе ги прифатите нештата онакви какви што се во сегашниот момент, ќе се излечите, ќе се исчистите и ќе се ослободите од негативната карма. Целта е да не ги повторувате грешките од минатото. Продолжете да се движите напред.