Одберете кристална топка и дознајте како да се справите со најголемиот проблем во моментов
Мозокот работи на чудни начини. Токму затоа и понекогаш доволно ни е да изберете една слика со кристална топка за да сфатиме нешто што нашиот ум потсвесно веќе го дознал. Па, ако минувате низ тежок период и не знаете како да се соочите со моменталниот проблем, одберете една од овие кристални топки и прочитајте што треба да направите…
Ако сте ја одбрале розовата кристална топка
Нештата брзо се движат и време е да поставите нови цели и намери. Животот брзо се движи и изгледа дека нештата конечно добиваат замав – совршено време е да поставите некои нови цели за ова ново поглавје во вашиот живот. Почнете да работите на себе и разработете го она што го прави вашето срце навистина среќно.
Запишете ги сите оние нешта што ве усреќуваат и посветете им се. Резултатите можеби нема да бидат инстантни, па размислувајте за вашите мисли како бумеранг кој го фрлате право кон небото и потоа додека чекате да ви се врати, продолжете со позитивните мисли и намери.
Ако сте ја одбрале тиркизната кристална топка
Време е да го оставите минатото зад вас. Премногу сте заглавени во она што било, наместо да се сосредоточите на она што е сега. Иако е важно да тагувате и да си дозволите да се исцелите, нема никаква корист од повторното прераскажување на истата стара приказна. Оставете го минатото таму каде што е и мислете на она што е сега.
Земете го сегашниот момент во свои раце и направете сè што можете. Имате моќ да ја промените иднината, а единствениот начин на кој можете да го сторите тоа е да ја промените вашата свест и да се сосредоточите на сегашниот момент.
Ако сте ја одбрале виолетовата кристална топка
Границите не се лоши ако се добро поставени. Време е да поставите токму ваков вид граници. Со нивна помош, вие му давате на животот структура и насока на која треба да се сосредоточите токму сега.
Исто така треба да почнете да преземате одговорност за своите постапки и да престанете да трошите време и енергија за луѓето и ситуациите од кои немате никаква корист. Време е да се впуштите во авантура и иако изгледа застрашувачко, тоа ќе ви биде најдобрата одлука што некогаш сте ја донеле.
Ако сте ја одбрале зелената кристална топка
Време е да се поврзете. Време е да се поврзете со луѓето околу вас, со себе, како и со природата. Вие не сте сами, баш напротив, дел сте од многу голем универзум и мора да запомните дека секое нешто на планетата, од растенијата до животните, е поврзано со поголема сила. Оваа сила може да се почувствува, а некогаш дури и да се види, доколку навистина се предадете.
Тргнете ја маската од себе и дозволете си да создадете трајни врски. Најпрво започнете да работите на врската со себе, а потоа продолжете да истражувате и со врските со растенијата, животните и луѓето околу вас.