Одберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте каква е состојбата на вашиот ум

Одберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте каква е состојбата на вашиот ум

Дури и да имате силен карактер, состојбата на вашиот ум може да се промени во секој момент. Тоа може да се случи поради работата, емоциите или некои други надворешни фактори. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за состојбата на вашиот ум, одберете една од следниве слики и прочитајте ги резултатите…

Одберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте каква е состојбата на вашиот ум

Слика под број 1

Вие сте опуштени, духовити и ведри. На животот гледате како можност да бидете слободни и спонтани и затоа уживате во секој момент. Дали некогаш сте ја чуле реченицата „Еднаш се живее?“. Токму овој израз ве дефинира. Постојано барате нови искуства. Вашата љубопитност е ненаситна и не се плашите од промените. Попрво би ризикувале и би пробувале нешто ново отколку да се чувствувате ограничени во вашите околности. Обожувате изненадувања.

Слика под број 2

Вие сте независни и не сакате конвенционални работи. Секогаш го следите вашиот пат и ги занемарувате ограничувањата. Имате уметнички способности кои сакате да ги покажувате на работа или во слободно време. Толку многу ја сакате слободата што понекогаш сте непредвидливи. Живеете според своите идеи и верувања и не се плашите да бидете поразлични од другите.

Слика под број 3

Многу сте чувствителни. Сакате да медитирате и да размислувате за себе и за светот околу вас. Не можете да поднесете површни работи. Повеќе сакате да поминувате време сами отколку да водите бесмислени разговори. Воспоставувате цврсти врски само со вашите вистински пријатели. Тоа ви носи внатрешен мир и добро здравје. Никогаш не ви е досадно, дури и ни кога сте сами.

Слика под број 4

Вие сте префинети, урамнотежени и стабилни. Ги сакате работите што се едноставни и природни и затоа другите се чувствуваат пријатно во ваше друштво. Стоите цврсто со двете нозе на земја и многу сте лојални. Сакате да им дадете сигурност на вашите најблиски, но понекогаш знаете да бидете премногу заштитнички настроени. Луѓето ве сметаат за топла и љубезна личност. Не ги сакате тривијалните работи и не ги следите модните трендови. Претпочитате да носите практична, но елегантна облека.

Слика под број 5

Вие сте прагматични професионалци и верувате во своите способности. Имате контрола врз вашиот живот и нешто не ѝ препуштате на случајноста. Ги решавате проблемите на едноставен начин. Реални сте и знаете како да донесете добри одлуки. Најверојатно имате големи одговорности на работа, бидејќи другите веруваат во вашите способности. Луѓето добро ја прифаќаат вашата ментална сила. Не сте задоволни додека не го завршите она што сте го започнале.

Слика под број 6

Сакате да размислувате во мир и тишина и не можете да ја поднесете агресијата. Едноставни сте, но и многу внимателни. Многу лесно стекнувате нови пријатели, но уживате во вашата независност и приватност. Не ви пречи да поминувате време со друштво, но одвреме-навреме ви треба одмор за да размислувате за животот. Многу го цените личниот простор, па затоа можно е да имате омилено место за кое никој друг не знае. Меѓутоа, сепак, не сте самотници. Имате постигнато мир со самите себе и со луѓето околу вас.

Слика под број 7

Многу сте драматични, активни и екстровертни. Сакате да ризикувате и не се плашите да се посветите на работата или на пријателите. Рутините се вашата најголема слабост, па затоа секогаш се обидувате да останете активни. Одлуките што ги носите нема секогаш да им се допаднат на сите, но вашите вистински пријатели секогаш ќе останат покрај вас во текот на сите промени.

Слика под број 8

Многу сте романтични и сакате да сонувате со отворени очи. Имате чувствителен карактер. Одбивате да ги согледувате работите од исклучиво рационален аспект. Многу ви се важни емоциите и чувствата. Важно ви е да сонувате и замислувате. Не сакате да се опкружувате со луѓе кои не веруваат во романтика и претпочитаат логика. Ако нешто се обидува да ги ограничи вашите емоции, веднаш се ослободувате од тоа.

Расположени сте за уште еден сличен тест? Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака. Кликнете на неа за да ги прочитате резултатите!

Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар