Одберете ја омилената слика и прочитајте ја важната порака за вашиот живот

Одберете ја омилената слика и прочитајте ја важната порака за вашиот живот

Иако звучи изненадувачки, со само една слика или цртеж можете да дефинирате многу аспекти од вашиот живот и карактер. Па, вдишете длабоко и разгледајте ги сликите. Која од нив најмногу ви го привлекува вниманието? Откријте ја важната порака за вашиот живот.

Одберете ја омилената слика и прочитајте ја важната порака за вашиот живот

1. Интуиција

Овој избор ве охрабрува да му верувате на вашиот внатрешен водич и да ја слушате вашата интуиција. Ценете ја вашата чувствителност и давајте му предност на претчувството пред логиката. Сега не е време да ги слушате туѓите мислења за да се вклопите. Сега е одличен период да поминете време сами. Природата ќе ја зголеми вашата поврзаност со универзумот, исто како и молитвата, медитацијата, дишењето и вежбите како јога. За да ја подобрите сегашната ситуација, потребно е да се прилагодите на природниот ритам и циклусите на вашиот живот. Кога сте неодлучни, следете ја вашата интуиција за да го откриете правиот пат.

2. Повторно раѓање

Оваа слика укажува на голема транзиција и трансформација. Вашето духовно будење започнало и се случува вашето повторно раѓање. Потребно е да ги прифатите промените и да се подготвите да бидете најдобрата верзија од себе. Верувајте дека ве чека магична иднина, но потребно е да се откажете од старите навики. Размислете за вашите вредности и отстранете сè што не се совпаѓа со вашите соништа. Трансформацијата е неизбежна, а ова е навистина возбудлив период за вас.

3. Умереност

Потребно е да воспоставите контрола во секој аспект од вашиот живот. Можеби јадете премногу, пиете премногу алкохол, пушите, трошите премногу и слично. Имајте на ум дека лошите навики како овие можат да го одложат манифестирањето на вашите соништа. Имате потреба од рамнотежа помеѓу желбата за слобода и обврските. Најдете храброст да најдете и професионална помош ако има потреба од тоа. Не мора сами да се справувате со сè.

4. Пауза

Оваа слика кажува дека е потребно да направите пауза од вашиот зафатен распоред. Можеби сте работеле пренапорно или ви се случуваат многу нешта. Можеби сте изморени, анксиозни и не се чувствувате добро. Сега е совршениот период за одмор. Дури и 2 дена се доволно за да ја обновите вашата душа. Одвојте време за вас, одете на масажа, прочитајте некоја книга, изгледајте филм. Ако се чувствувате несигурно или збунето, одговорите ќе ви се појават кога ќе одвоите време за себе. Па тргнете се од стресот и пронајдете го вашиот внатрешен мир.

5. Духовно партнерство

Ако ја одбравте оваа карта, ве очекува значајна духовна врска. Можеби станува збор за нов пријател, или пак поврзаност со некој учител. Во текот на оваа врска ќе бидете и учител и ученик, а мудроста од ова искуство ќе ја зајакне вашата врска со универзумот. Без разлика во која форма ќе се појави оваа врска, ќе ви биде од најголемо добро. Обрнете внимание на учителите и авторите кои ве учат на почит. Барајте луѓе со слично патување како вашето.

6. Откажување

Време е да се откажете од вашата приврзаност кон некоја ситуација. Очајот ја блокира манифестацијата, па колку повеќе се обидувате да ја привлечете желбата, толку повеќе ја тргате од вас. Препуштете му го исходот на универзумот. За да го добиете она што го сакате, важно е да му дадете простор на универзумот да ви ја исполни желбата. Не е ваша работа да направите да се случи нешто, туку треба да му дозволите да се случи. Помирете се со вашиот сегашен живот и ценете го она што веќе го имате.

7. Креативност

Време е повторно да се поврзете со вашата креативна страна со цел да го подобрите квалитетот на животот. Тргнете се настрана од сериозноста на животот и обидете се да направите нешто забавно, нешто што ве доближува до вашите соништа. Можете да цртате, да пишувате, да готвите, да фотографирате, што било што ви предизвикува задоволство. Искористете ја вашата имагинација и погледнете го светот низ детски очи.

8. Упорност

Потребно е да продолжите да се движите напред ако сакате да ги исполните вашите соништа. Можете да се справите со сите проблеми, па соочете се со нив. Со упорност можете да ги исполните сите ваши соништа. Станете свесни за негативните мисли и верувања кои имаат влијание на вас и обидете се да се ослободите од нив. Побарајте помош кога има потреба од тоа и верувајте во вашата способност да создадете неверојатен живот.

Ако сакате да знаете и што ве чека во блиска иднина, кликнете на картата што најмногу ве привлекува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар