Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

Веројатно никогаш не ви паднало на памет дека долната облека што моментално ја носите можно е да не прилега на формата на вашиот задник. Сигурно не сте ни помислиле дека формата на задникот зависи од поставеноста на карлицата и колковите, количината на масти и нивната распределеност, големината на мускулите на задникот и начинот на кој тие се прицврстени за бутната коска. Резултатот од сите овие параметри е задник кој припаѓа на една од петте можни категории. Исто како што избирате градник кој совршено ви одговара според обликот на градите, можете да изберете и долна облека која најдобро ќе ви прилега според формата на задникот. Застанете пред огледало и откријте во која од следниве 5 категории можете да го сместите вашиот задник, како и која е соодветната долна облека за вас.

Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

1. Форма на квадрат

Доколку линијата помеѓу вашите колкови и надворешната страна на бутовите паѓа под прав агол надолу, вашиот задник има форма на квадрат.

Идеалната долна облека за вас: Женски боксерки, бикини, танга, сите овие се удобни и совршено стојат на жени со рамен задник во форма на квадрат. Избегнувајте обични гаќички со еластични рабови кои имаат вишок материјал, бидејќи се набираат и може да не изгледаат убаво под облеката која ја носите.

(2) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

2. Форма на V

Ако линијата помеѓу карлицата и колковите паѓа под остар агол навнатре, тогаш вашиот задник е во форма на V. Овој облик на задник е најчест кај жени што имаат широки раменици и многу тесни колкови.

Идеалната долна облека за вас: Одберете длабоки гаќички, боксерки или бикини што немаат големи отвори за нозете бидејќи во спротивно нема целосно да го покријат вашиот задник. Задникот во форма на V може да делува како да е спуштен, па затоа внимавајте отворите за нозете да бидат така поставени што ќе можат да го обликуваат задникот и да му дадат подефинирана форма.

(3) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

3. Форма на А

Жените со крушовиден облик на телото обично имаат задник во форма на А и широки колкови.

Идеалната долна облека за вас: Доколку имате задник во форма на буквата А, веројатно имате пополни бутови и затоа најудобно би ви било во долна облека со поголеми отвори за нозете. Носете танга, бикини или боксерки од растеглива чипка, а одбегнувајте гаќички со еластични рабови кои можат да бидат неудобни.

(4) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

4. Форма на круг

Тука нема што многу да се објаснува, доволно е само да се споменат имињата Ким Кардашијан, Бијонсе и Џеј Ло и веднаш сè ќе ви биде јасно. Доколку сакате да имате задник во кружна форма, кој денес е многу популарен, треба да работите на тоа да ги зацврстите мускулите за тој да изгледа поистакнато.

Идеалната долна облека за вас: Кружниот задник си бара повеќе материјал за да може целосно да биде покриен, во спротивно делот од долната облека што се наоѓа помеѓу нозете ќе се помести наназад и ќе го спушти ластикот напред на половината. Танга, длабоки гаќички и растегливи боксерки со централен шев се идеални за вашиот облик на задник.

(5) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

5. Форма на превртено срце

Овој облик на задник, исто како и кружните задници, подразбира крива линија на надворешната страна од колковите, но со поголем волумен на долниот дел од колкот.

Идеалната долна облека за вас: Поради тоа што вашиот задник и колкови се полни, а бутовите ниски, гаќички со високи отвори за нозете нема целосно да ви го покријат задникот. Одберете длабоки гаќички, боксерки или бикини со ниски отвори за нозете. Ако сте загрижени дека задникот ви изгледа спуштен, видете дали отворите за нозете на вашата долна облека му даваат форма на задникот создавајќи ја илузијата на „поткренат задник“.

(6) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар