Одберете ја чантата што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактер
Секоја жена има свој единствен стил, особено кога се работи за мода. Тоа ги прави посебни и прекрасни истовремено. Чантата е задолжителен женски моден додаток кој може да открие многу интересни работи за вашиот карактер. Погледнете ја сликата, одберете ја чантата што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе…
Чанта под број 1
Вие сте одговорни и никогаш не изневерувате. Работодавците имаат доверба во вас, бидејќи сте добро организирани и знаете како да управувате со времето. Луѓето имаат само пофални зборови за вас. Вие сте верни пријатели на кои сите можат да сметаат.
Чанта под број 2
Вие сте силни и независни. Постојано сте во движење и не ве интересираат потрагите по животен и деловен партнери. Сами ги преживувате тешките периоди. Момците ве обожуваат, но вие не им обрнувате премногу внимание. Не се брзате да стапите во брак.
Чанта под број 3
Вие сте вистински лидери. Луѓето ве доживуваат како поединци со многу застрашувачки карактер. Но, тоа е така само однадвор. Однатре, вие сте многу урамнотежени водачи кои поседуваат огромна сила. Вложувате голем труд за да стигнете до лидерските позиции и секогаш сте успешни на работното место. Не ви е гајле за луѓето кои не ве сакаат, сѐ додека не го попречуваат извршувањето на вашите задачи.
Чанта под број 4
Многу сте елегантни, убави и модерни. Секогаш ги следите најновите модни трендови. Вие не се облекувате за да импресионирате некого, туку за да се изразите. Би требало да започнете свој моден блог!
Чанта под број 5
Вие сте едноставни, но дружељубиви. Најважна ви е удобноста. Вашата облека, фризура и шминка се секогаш нежни, суптилни и пријатни. Луѓето ѝ се восхитуваат на вашата едноставност, но не можат да бидат како вас. Имате многу познаници благодарение на вашата друштвеност. Сепак, попрво би се дружеле во домашна атмосфера отколку во скап ресторан.
Чанта под број 6
Вие сте многу женствени. Секогаш изгледате прекрасно без разлика дали носите модерен фустан или едноставна кошула со кратки панталончиња. Многу сте дружељубиви и сакате да го поминувате вашето слободно време во шопинг. Луѓето честопати ви завидуваат и понекогаш сте главна тема на нивните озборувања, но тоа не ви пречи бидејќи знаете како да го цените и задржите своето достоинство.
Доколку ви се допадна овој тест, одберете го највпечатливиот цвет и дознајте интересна тајна за вашиот карактер.