Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Според стариот јазик санскрит, зборот „чакра“ значи „тркало“ или „диск“. Во јогата, медитацијата и ајурведата, овој термин се однесува на енергетското тркало во целото тело. Постојат 6 главни чакри кои се распределени од основата на ’рбетот до темето на главата. За да можете да ги визуализирате чакрите во телото, замислите си енергетско тркало каде што се сретнуваат материјата и свеста. Оваа невидлива енергија е животната сила што нѐ одржува витални, живи и здрави.

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Без многу размислување, одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и прочитајте што открива таа за вас. Ќе се изненадите од тајните што ќе ги дознаете за својата личност!

1. Црвена: Коренска чакра

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Црвената боја е најдлабока и најмотивирачка од сите останати бои. Оваа чакра го претставува преживувањето. Вие се разбудивте и се движите кон промените што треба да ги направите во вашиот живот. Црвената боја означува страст, тврдоглавост, љубов, храброст и многу други силни особини. Оваа боја е исто така поврзана со богатството, напредокот и отпорноста.

Но, оваа боја може да укажува и на емоции како што се бес, лутина, депресија и фрустрација, доколку вашата коренска чакра е надвор од рамнотежа. Може да доживеете и физички симптоми, како на пример, нарушување на исхраната, песимизам и недостаток на концентрација. Добрата вест е тоа што сето ова може да се смени и можете да ја искористите црвената позитивна енергија за да ги зголемите вашите силни особини, како што се амбициозноста, одлучноста и упорноста.

2. Портокалова: Сакрална чакра

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Сакралната чакра е симбол на силата и виталноста, бидејќи станува збор за топла боја што потсетува на сонце. Чакрата се наоѓа во карличниот појас и укажува на тоа дека барате пријатни искуства во секојдневниот живот. Портокаловата боја претставува моќна духовна и физичка енергија, така што најверојатно сте многу успешни во спортските и другите активности за кои е потребно издржливост и сила.

Доколку оваа чакра не е здрава, може да се соочите со проблеми со неплодност, болки во грбот и намален интерес за секс. Вашата природна љубопитност и потреба од истражување може да доведе до себичност, така што не заборавајте да поставите здрави граници. Вашиот весел поглед и восхит се вистински подарок за луѓето околу вас.

3. Жолта: Соларна плексус чакра

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Позитивни, мудри и образувани. Жолтата боја е знак на тоа дека добивате сила од сонцето. Вие сте блескави, храбри, интелигентни и лесно забележливи. Понекогаш луѓето ве сметаат за нападни, поради тоа што постојано сте во центарот на вниманието, но тоа не е ваша вина. Немојте да ги обвинувате другите за вашите грешки и не бидете цинични. Имате силна потреба од тоа вашиот збор да биде последен, но можете да ја совладате. Луѓето ве опишуваат како лојални и одговорни личности.

4. Зелена: Срцева чакра

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Сето тоа што го правите се заснова на љубов и сочувство. Вашата врска со земјата ви помага да најдете рамнотежа и да формирате здрави односи. Чувствувате природна грижа кон животните, природата и другите луѓе, што понекогаш ве прави ранливи, бидејќи постојат поединци кои можат да го искористат тоа против вас. Внимавајте на болките во горниот дел од телото, бидејќи тие може да укажуваат на проблеми со срцето.

Ако вашата зелена енергија е слаба, тоа може да предизвика намалување на вашата продуктивност, па затоа би требало да се обидете да го зајакнете вашиот имунитет. Луѓето ве сметаат за перфекционисти и честопати тврдат дека премногу размислувате, но вистината е дека вие сте многу дружељубиви и топли личности.

5. Сина: Грлена чакра

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Смиреноста на сината боја се поврзува со небото и спокојот. Вие сте задоволни, мирни и урамнотежени. Можеби редовно уживате во јога, медитација или тишина. Луѓето мислат дека сте многу лојални. Другите бои може да ви го насочат вниманието кон разни активности, односи и движења, но сината боја ве држи цврсто на земјата. Може да имате проблеми со штитната жлезда или често да страдате од вкочанет врат. Покрај тоа што имате добро држење и висока самодоверба, вие поседувате и неизмерна креативност.

6. Виолетова: Чакра круна

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе

Од духовна гледна точка, вие имате блиска врска со највисоките енергетски вибрации. Се чувствувате исполнети и урамнотежени. Вашата смиреност потекнува од тагата во минатото и прифаќањето на непознатото. Виолетовата боја претставува рамнотежа помеѓу женската и машката енергија, студот и топлината, ноќта и денот, левата и десната активност на мозокот, така што може да се каже дека сте постигнале ментална и духовна рамнотежа. Многу често страдате од главоболки, потешкотии со учењето и други проблеми поврзани со мозокот. Меѓутоа, луѓето често ви се обраќаат за совет, бидејќи поседувате мистична енергија што ја буди туѓата љубопитност.

Расположени сте за уште еден забавен тест? Одберете го волшебното стапче што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактер.

Одберете го волшебното стапче што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Марија Reply

    Има седум чакри, всушност знакчето на вашата петта чакра е знакчето на третото око и тоа е шестата чакра, индиго боја.

Остави коментар