Одберете едно животно и добијте ја својата неделна порака за добар живот

Одберете едно животно и добијте ја својата неделна порака за добар живот

Со цел да дознаете кој совет ѝ е потребен на вашата душа, само одберете го првото животно што ќе ви го привлече вниманието од овие слики и прочитајте ја пораката во продолжение…

1. Був

Сите решенија што ги барате се наоѓаат во вашето искуство. Обрнете внимание на патењето и неправдата на кои сте наишле. Имате доволно мудрост што сте ја стекнале од сите досегашни животни искуства и можете многу да научите од неа. Овие искуства ве натерале на поинакво размислување. Вие станувате помудри со секоја нова ситуација, без разлика дали е добра или лоша. Искористете го тоа!

2. Поларна мечка

Ако сакате нешто да развиете во вашиот живот, мора прво да направите место за него. Без разлика дали станува збор за нови верувања, нови активности, нова работа… или пак, комбинација од повеќе нешта. Сè ова е поврзано со промените што сакате да ги направите во својот живот и за кои дефинитивно е време да направите место!

3. Лав

Нема сомнеж дека минувате низ голем стрес. Вие сте завршиле неверојатна работа со самото тоа што сте стигнале дотука. Но, време е за малку одмор. Мора да минете ден, два во тишина, да медитирате и да си дадете време да ги разгледате неодамнешните настани, како и да ги анализирате своите мисли. Направете го тоа веднаш, за да имате поголема јасност и подобар увид во нештата низ кои минувате.

Направете го и овој тест! Животното што прво ќе го забележите ќе ви открие нешто повеќе за вашиот карактер. Кликнете на него!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар