Одберете една слика и дознајте ја вашата духовна порака
Понекогаш сè што ни е потребно во животот е малку водство. Одберете една слика со цел да ја добиете вашата духовна порака која ќе ве одведе на правиот пат!
1. Срце
Можеби чувствувате потреба да се браните деновиве бидејќи постојат некои недоразбирања со другите. Вашиот духовен совет е да почекате и да земете длабоко воздух пред да реагирате. Вие треба да се смирите. Понекогаш сè што треба да направите е да го објасните својот став и да се одбраните пред да се зацрвените во лицето. Како што вели Бернард Барух, бидете онакви какви што сте и зборувајте го тоа што го чувствувате, затоа што оние на кои им смета не се важни, а оние кои се важни – нив не им смета.
2. Пеперутка
Во моментот кога ќе одлучите вистински да се посвети и да ги донесете правилните одлуки, за кои знаете дека треба да ги донесете, вие ќе почнете побрзо да напредувате. Нема веќе жонглирање со своите избори. Фокусирајте го умот и останете предани на одлуките .Целиот Универзум чека да се одлучите и да ги почитувате своите одлуки. Вие ги правите нештата премногу комплицирани. Подгответе се да бидете лансирани кон своите соништа!
3. Осумаголник
Време е да престанете да ги потиснувате чувствата пред своите најблиски. Секој од нас се бори и има голем број битки, но во вашиот живот постојат луѓе кои навистина би сакале да ви помогнат и да ве поддржат. Имате толку многу светлина во вашето срце, па затоа и можете на многу луѓе да им го осветлите патот. Но, не заборавајте дека и тие вам можат да ви помогнат.