Одберете една од овие карти и дознајте како ве гледаат другите
Дали некогаш сте се запрашале што другите мислат за вас? Како ве гледаат и како тоа се разликува од вашите идеи? Го размислуваат ли другите за вас тоа што вие го мислите за себе? Или можеби не? Начинот на кој другите ве доживуваат зависи од тоа како се однесуваме и каква интеракција имаме со секоја личност. Со цел да имате појасна слика за тоа како другите ве гледаат, изберете една од овие 3 карти и прочитајте го нејзиното значење.
1. Одговорна и мирна личност
Другите ве сметаат за личност што е карактеристична по тоа што е многу ускладена со своите должности, што е скромна, но амбициозна, во некои случаи со одлична смисла за хумор, но пред сè, личност што настојува да го одржува мирот и спокојот во својот живот и во својата околина.
Имате голема дарба за решавање расправии додека истовремено и се плашите од конфронтација, сакате да се изолирате на места кои ги сметате за мирни и сигурни и каде што можете да се чувствувате заштитено.
Вашиот главен предизвик е да научите да ги прифатите нештата што се случуваат околу вас и да бидете во сегашниот момент. Сетете се дека сите работи што ви се случуваат имаат своја причина и цел во вашиот живот, па дознајте што е тоа, и искористете ја ситуацијата до максимум така што ќе бидете автентични. Живејте го животот среќни и радосни.
2. Кооперативна и внимателна личност
Вие сте карактеризирани како личност што секогаш е спремна да направи сè со цел да го добие она што го сака во животот. Исто така сте и личност што е секогаш спремна да им помогне на другите. Вие сте внимателни, искрени, лојални и директни, но понекогаш знаете да се вклучите во толку многу активности и проекти поради кои едноставно сте постојано вознемирени.
Запомнете дека е одлично да работите на многу проекти и да им помагате на другите, но тоа ќе биде можно само ако воведете ред во својот живот. Многу е подобро во целост да завршите неколку задачи, кои одлично ќе ги сработите, наместо да се вклучувате во многу активности за кои ќе биде потребно да издвојувате многу време за да се довршуваат.
3. Директна и интелектуална личност
Другите ве сметаат за искрена, директна и речита личност која силно го цени светот. Вие сметате дека идеите имаат моќ да го променат светот и поради тоа се држите до своите, притоа обидувајќи се да им ги приближите на другите.
Понекогаш ве фрустрира рамнодушноста на другите и токму тука лежи вашиот најголем предизвик. Запомнете дека постојат три базични правила доколку сакате да живеете во мир: Живејте, пуштете ги другите да живеат и не судете никому.
Едно е да претпоставувате дека сте на вистинскиот пат, а нешто сосема друго е да претпоставувате дека тој е единствениот пат за да дојдете до целта. Секој има свој пат до своја дестинација, и изборот на тој пат е тоа што го прави животот вреден за живеење.
Решете го и овој интересен тест: Каква личност сте и како другите гледаат на вас?