Одберете една од овие 3 карти и дознајте ја својата темна страна
Ја знаете ли својата темна страна? Имате ли чувство што го презирате? Правите ли нешта за кои ви е срам да зборувате? Постои ли дел од вас којшто би сакале да го елиминирате? Или можеби ги мразите оние нешта што другите ги сакаат кај вас? Сите имаме темна страна со која се плашиме да се соочиме. А за да ја откриете вашата, само изберете една од овие 3 карти…
Карта број 1
Вие имате навика да ги обвинувате другите – за својот живот, за тоа што ви се случило и за тоа што во моментов ви се случува. Едноставно толку многу сте навикнати да се сметате за жртва, што тоа го правите постојано и несвесно. Можеби мислите дека имате лоша среќа во љубовта или не разбирате зошто вашиот труд не се препознава или не се почитува, или зошто им е толку тешко на другите да ве почитуваат и ценат. Треба да престанете да гледате на себе како жртва и да почнете да преземате иницијатива со цел да го здобиете признанието и почитта од другите. Така и ќе ја пронајдете вистинската среќа
Карта број 2
Вие сте ја интелектуализирале вашата темнина. Во ментална смисла, многу добро ги сфаќате сите оние нешта што ви се случуваат, како и што треба да направите, а што не. Но, вие размислувате исклучиво со главата и целосно го игнорирате срцето, каде што се наоѓа вашето светло. Токму затоа и целата темнина останува во вас. Немојте да барате објаснување за тоа што сакате да го подобрите, туку дозволете му на срцето да ви осветли патот.
Карта број 3
Верувањето дека постојат добри и лоши емоции е темнина која тешко се гледа. Со тоа што ги одбивате лутината, бесот, омразата и алчноста, мислејќи дека тие се дел од другите луѓе, од оние што не се доволно „просветлени“ вие едноставно сте се препуштиле на мракот. Треба да знаете дека сите емоции се својствени на сите луѓе и дека оние што се идентификуваат како „негативни“ не ве прават лоша личност, туку едноставно човечко суштество.
Расположени сте за уште еден ваков тест? Кликнете тука и откријте ги скриените, темни аспекти на вашата личност.