Одберете една карта и откријте важна порака за вашата темна страна
Дали ја познавате својата темна страна? Дали чувствувате дека не сакате дел од себе? Дали правите работи за коишто потоа ви е срам да зборувате? Постои ли дел од вас којшто би сакале да го елиминирате? Или можеби пак, ги мразите оние делови што другите луѓе ги сакаат за вас? Сите имаме темна страна со која мора да се соочиме. Истражувањето и разбирањето на темната страна ќе ви овозможи повторно да преземете контрола над себе, да се разберете и да се спознаете во целост. За да ви помогнете во овој процес, решивме да го споделиме овој тест со вас. Само изберете една карта, и откријте нешто повеќе за темнината што ја носите со себе. Тоа е првиот чекор кон нејзиното прифаќање.
Карта број 1
Вашата мрачна страна е тоа што ги обвинувате другите за сè што ви се случува. За вас, за вашиот живот, за вашите искуства… Можеби имате некакво светло во себе и не ги кривите родителите, на пример, но толку многу сте навикнати да се сметате за жртви што веќе го правите тоа и несвесно. Можеби мислите дека имате лоша среќа во љубовта или не разбирате зошто никој не го препознава и почитува вашиот труд. Се прашувате и зошто им е тешко на другите да ве ценат. Но, престанете да размислувате на овој начин и почнете да преземате иницијатива за да ја изградите репутацијата што сакате да ве следи.
Карта број 2
Вие сте ги интелектуализирале вашите внатрешни процеси, како и вашата темна страна. Многу добро сфаќате што ви се случува, кого обвинувате, кон што треба да целите, како и што треба да правите. Но, вие размислувате само со вашата глава, и целосно го игнорирате срцето во кое се наоѓа вашето светло. Токму затоа и темнината е посилна во вас. Немојте да барате објаснување за тоа што сакате да го постигнете и дозволете му на срцето да ве води и да го осветли вашиот живот.
Карта број 3
Вербата дека постојат „добри“ и „лоши“ емоции е тоа што ве тера на патот кон темнината. Со тоа што ги отфрлате завидливоста, лутината, бесот, омразата и сличните емоции, мислејќи дека тие им припаѓаат на другите, вие целосно затворате еден дел од себе. Луѓето што ги покажуваат овие емоции за вас се најголемите непријатели и не сакате да имате ништо со нив, па затоа и постојано ги гледате со потценување, сметајќи дека вие сте едноставно совршени и никој не е ни приближно до вас. Не заборавајте – совршенството не постои. Сите имаме добра и лоша страна коишто треба подеднакво да ги прифатиме за да бидете автентични и среќни со себе.