Одберете една карта и добијте порака за подобра иднина
Погледнете ги следниве 4 карти, добро анализирајте ги и одберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа. Погрижете се вашиот избор да биде внимателен и искрен, за да добиете најточни резултати. Откако ќе ја одберете картата, пронајдете ја пораката во продолжение и прочитајте како можете да ја подобрите сопствената иднина.
1. Карта на верба и создавање
Оваа карта ве потсетува дека самите треба да ја создавате вашата реалност. Можно е во одредени моменти да се сомневате во својата способност за остварување на соништата, но секогаш кога ќе ви се случува ова потсетете се дека вие сте ентузијастична, страсна и храбра личност и дека во вашата природа е да постигнувате цели.
Време е да верувате и да создавате – дефинирајте ја својата цел, визуализирајте го патот до неа и преземете ги правилни чекори за остварување на вашите соништа.
Но, исто така имајте на ум и дека нема потреба да ја замислите целосната патека или точно да знаете што треба да направите. Понекогаш доволно е само да го направите првиот чекор, да го задржите позитивниот став што ви овозможува да бидете среќни и останатото само по себе ќе се развива. Време е да тргнете!
2. Карта на живот во сегашноста
Кога се чувствувате тажно, тоа е затоа што се држите до спомените во минатото. Кога се чувствувате лошо, тоа е затоа што поминувате многу време во размислување за иднината. Запомнете дека минатото и иднината не се ништо повеќе од ментални проекции на тоа што некогаш било. Единственото нешто што постои и ви припаѓа е тука и сега, како што навистина се случува.
Оваа карта ви доаѓа во животот за да ви каже дека не можете да го промените минатото – тоа што се случило, веќе е случено, а единственото нешто што можете да направите е да ја подобрите сегашноста и да тргнете напред кон иднината.
Сега е вистинскиот момент да се опуштите и да му се заблагодарите на минатото што ги изградило вашите темели, што ви донело вредни лекции и ве натерало да сфатите дека животот е всушност во сегашноста.
3. Карта на талент и преданост
Вие сте личност што знае дека преданоста и желбата за успех се клучни при изградбата на животот од соништата, па затоа и секогаш го вложувате целото свое битие во сè што правите. Вашиот главен предизвик е да бидете трпеливи и да научите да се движите паралелно со животот, бидејќи понекогаш сте премногу загрижени и го нарушувате природниот тек на настаните.
Запомнете дека животот е совршен и дека има своја временска линија, па ако сакате да бидете среќни, тогаш мора да се движите слободно по природниот пат.
Ако давате сè од себе во својот живот, секогаш ќе гледате резултати, па затоа продолжете да делувате со љубов, храброст и доверба и сè ќе помине добро!
4. Карта на љубезност и рамнотежа
Универзумот делува во рамнотежа. Секоја акција создава реакција, па затоа и секој чин има своја последица. Ако делувате со љубов, просперитет, среќа и богатство, тогаш истите овие работи ќе ви се вратат во уште поголеми количини – но, мора да го дозволите тоа.
Оваа карта пристигнува во вашиот живот со цел да ве потсети дека, иако не сте така учени, подеднакво добро е да давате и да примате. Вие толку долго време само давате (љубезноста е во вашата природа), што сте заборавиле како да им дозволите на другите вам да ве даруваат.
Вие сте личност што постојано прави добрини, па затоа и истите ѝ се возвраќаат во животот. Но, не заборавајте дека ќе го примите само тоа што вие мислите дека го заслужувате, па не бидете престроги кон себе.
Одберете и еден Буда, кликнете на него и ѕирнете во вашата иднина!