Одберете еден Буда и ѕирнете во вашата иднина
Можеби мислите дека вие ја одбирате картата што најмногу ви се допаѓа, но кога станува за Буда – тој ве бира вас! Неговиот израз е тој што ќе ве натера да го погледнете и да го издвоите, а со оглед на тоа што Буда на секоја од овие карти има различен и единствен израз, бидете сигурни дека нема да згреши при побудувањето емоции во вас. Епа ајде, одлучете се за еден Буда и дознајте каква порака ви носи тој за вашата иднина…
Буда број 1
Стоите со нозете цврсто на земјата и силно сте приврзани со саканите. Вие сте мирна и разумна личност што бара рамнотежа во животот. Токму затоа и секој вид екстреми ви создаваат непријатност. Иако се грижите за својот имиџ, не сте површни.
Набрзо ќе доживеете голема промена во вашиот љубовен живот. Ако сте сами – ќе запознаете некој. Ако сте во врска – ќе преминете на следното ниво. Ако сте во брак – очекувајте ново поглавје.
Порака од Буда: Дознајте што ве води напред, а што ве кочи и секогаш одбирајте го патот кон мудроста!
Буда број 2
Вие сте самостојни и имате силен карактер. Ве се чини како ништо да не може да ве налути или вознемири. Најчесто самите си ги решавате проблемите и не сакате да барате помош од другите. Вие сте многу талентирани, но исто така сте и внимателни и не сакате да ризикувате.
Време е да размислите за некои промени во својот живот. Сега е вистинскиот момент да направите нешто за да мрднете од место. Ако успеете да го постигнете тоа, ќе откриете дека вашиот живот е многу повеќе од секојдневна монотонија.
Порака од Буда: Без оглед на патот што ќе го одберете, бидете целосно присутни додека одите по него!
Буда број 3
Вие сте толерантни и ја цените различноста, без оглед на тоа за што станува збор. Никогаш не сте агресивни, без разлика на ситуацијата во која се наоѓате. Вашата дипломатска природа ви помага подобро да ги разберете луѓето околу вас.
Постои некоја ситуација што ви „виси“ над глава. Вашата карта покажува дека најдобриот начин да се справите со неа е директно соочување. Застанете цврсто на својот став, но не заборавајте ја љубезноста што ви е најсилна карактеристика. Тоа ќе доведе до промени во целиот ваш живот.
Порака од Буда: Тргнете се од негативните луѓе – тие имаат проблем за секое решение.
Буда број 4
Секогаш ги ставате другите на прво место, пред себеси. Вие сте личност од која другите бараат помош. Имате нежен и слободен дух. Вашите чувства се длабоки и можете да бидете многу чувствителни на негативни коментари, но никогаш не би го покажале тие. Достоинствени сте и мирни.
Вие веќе правите многу за луѓето околу вас и сте исклучително дарежливи. Но, за да продолжите по својот пат, ќе мора да најдете начин да се фокусирате повеќе на себе. Покажете си ја љубовта што ја заслужувате и ќе откриете дека животот може да биде едноставно неверојатен.
Порака од Буда: Среќата е избор, а не резултат. Ништо нема да може да ве направи среќни, додека самите не одлучите да бидете среќни.
Буда број 5
Вие сте личност со многу цели и соништа. Исто така сте и креативни – оваа карактеристика е клучна за успехот во вашиот живот. Вие сте елоквентни и емпатични, можете лесно да ги разберете другите луѓе, а во многу ситуации и да им овозможите заштита и спокој. Бидејќи имате многу планови, често доживувате емоционални подеми и падежи.
Верувајте повеќе во себе и сè што посакувате ќе ви се оствари. Ако сте посамоуверени, вие полесно ќе ги забележувате промените во животот и полесно ќе се насочувате кон вистинскиот пат. На овој начин ќе бидете и поотворени и поискрени кон себе. Веќе имате голема внатрешна сила – ваше е само да ја искористите!
Порака од Буда: Секое утро одново се раѓате. Тоа што денес ќе го направите е тоа што е најважно.
Сакате да направите уште еден тест? Изберете пат по кој би тргнале, кликнете на него и дознајте што ве чека на патот кон судбината!