Одберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна цел
Африканските симболи, познати како „адинкра“, се најприсутни во прекрасната западноафриканска земја Гана. Овие симболи можат да се најдат секаде: На платно, на ѕидови, на керамичките садови и слично. Симболите имаат декоративна функција, но исто така содржат и евокациски пораки кои пренесуваат традиционална мудрост и животни лекции. Нивното име „адинкра“ во превод значи разделување, заминување, збогување.
Внимателно погледнете ја сликата и без многу размислување одберете го симболот што најмногу ве привлекува. Африканскиот симбол што ќе го одберете ќе ви открие која е вашата животна цел. Продолжете со читање за да дознаете…
1. „Хармонија и рамнотежа“
Обожувате да претерувате, без разлика дали се работи за нешто добро или лошо. Понекогаш знаете да бидете премногу самосвесни. Дури и најмалите доживувања можат да ви предизвикуваат голем број емоции, но тоа не мора да биде така. Не ги потиснувајте емоциите, но научете и како да се смирите. Логично гледајте на работите. Емоциите се добри, но мора да постои рамнотежа. Ако го одбравте симболот на рамнотежа, тоа значи дека во блиска иднина ќе остварите нешто позитивни на кое сте работеле подолго време, но најпрво ќе морате да воспоставите баланс.
2. „Пајакова мрежа“
Бидете подготвени, бидејќи ве очекуваат сериозни промени. Вашиот живот ќе почне од почеток, во некоја смисла на зборот. Фокусирјате се на енергијата и силата за да можете да се фокусирате на себе. Ќе имате прилика да направите драстични промени. Мора да ги напуштите лошите навики и стереотипи. Имате тенденција да си бидете својот најголем непријател и време е да ставите крај на тоа. Бидете својот најдобар пријател. Единствената личност што ви стои на патот сте вие самите. Пајаковата мрежа треба да ве потсети дека сте способни да го создадете животот што го посакувате.
3. „Заштита“
Ве очекува голема љубов, без разлика дали се работи за вистински пријателство или романтична љубов, вашето срце е подготвено да запее. Многу пати досега сте биле скршени, осамено и напуштени, но на сето тоа наскоро ќе му дојде крајот. Среќата ќе ве пронајде. Во меѓувреме, подарете им насмевка, љубов и грижа на луѓето околу вас. Она што го давате, дупло ќе ви се врати. Многу е важно да знаете дека ве очекува нешто добро во животот. Заштитниот симбол нека ве потсети дека ќе ги решите сите ваши проблеми и маки.
Сега кога ја откривте вашата животна цел, можеби ќе сакате да ја дознаете и вашата судбинска порака со тоа што ќе го изберете симболот кој најмногу ве привлекува.