Од модните писти директно на големото платно: 20 манекенки кои станаа успешни актерки
11. Андреја Пејич
Најпознатиот модел трансексуалец, која во шоуто на Жан Пол Готје се појави и во машкиот и во женскиот дел од ревијата, а потоа и во шоуто за мажи на Марк Јакобс. Нејзини филмски остварувања се: ТВ серијата „Britain’s Next Top Model“, „Entertainment Tonight“, „David Bowie: The Stars (Are Out Tonight)“, „Reason“ и „Faith“.
12. Тајра Бенкс
Модел на Шанел, Исак Мизрахи, Ана Суи, Соња Рикел, Тод Олдхам, Диор, Келвин Клајн, Марина Спадафора, Михаил Крос, Пери Елис, Валентино, Никол Милер, Фенди и беше првиот црн модел на насловната на „GQ“. Дел е од филмовите „The Fresh Prince of Bel-Air“, „Higher Learning“, „Love & Basketball“, „Coyote Ugly“, „Gossip Girl“, „Glee“ и „Life Size 2“.
13. Фрида Пинто
Нејзиниот лик се појавува на многу реклами од оние за гуми за џвакање до реклами за „Шкода“, „Водафон Индија“ и многу други. Се појавува и на насловната страница на неколку магазини. Нејзини филмски остварувања се: „Slumdog Millionaire“, „Immortals“, „Girl Rising“, „Knight of Cups“.
14. Изабела Росалини
Таа се најде на насловните страници на британскиот и американскиот „Вог“, „Мари Клер“, „Винити Фер“, „Ел“ и има остварено соработка со голем број познати фотографи меѓу кои: Рачард Следон, Петар Линдберг, Ани Либовиц и секако таа е музата на Долче и Габана. Дел е од филмовите „Blue Velvet“, „Death Becomes Her“, „Merlin“, „The Solitude of Prime Numbers“, „Enemy“ и „Joy“.
15. Кара Делавињ
Една од најбараните модели на денешницата. Модел кој се појавува на големото платно во филмовите: „Anna Karenina“, „The face of an Angel“, „Tulip Fever“, „London Fields“, „Paper Towns“ и „Pan“.
16. Фамке Јансен
Пред да се појави во филмовите: „Golden Eye“, „X-Men“, „The Chameleon“, „Taken 2“, „X-Men: Days of Future Past“ и „Taken 3“, таа беше модел за Ив Сен Лоран, Шанел и Викторија Сикрет.
17. Лили Кол
Како модел се појавува во американскиот, италијанскиот, британскиот, јапонскиот и корејскиот „Вог“, а потоа и во филмовите: „Imaginarium of Doctor Parnassus“, „Snow White and the Huntsman“, „Gravy“, „London Fields“, „The Messenger“.
18. Наоми Кембл
Една од генерацијата 6 топ модели во доцните осумдесетти и раните деведесетти, а исто така и прв црн модел на насловната на Француски Вог. Наоми глуми во: „Cool as Ice“, „New York Undercover“, „Girl 6“, „Prisoner of Love“ и во ТВ сериите „The Face“ и „Empire“.
19. Кејт Аптон
Ѕвездата на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ глуми во филмовите „Tower Heist“, „The Three Stooges“ и „The Other Woman“.
20. Даен Кругер
Таа беше заштитно лице на Ив Сен Лоран, Шанел, Диор, Џил Сандер, беше дел од модните ревии на Долче и Габана и на насловните на парискиот „Вог“, „Мери Клер“ и „Космополитан“. Се појавува во филмовите: „Troy“, „Inglorious Bastards“, „Fringe“ и „Fathers and Daughters“.