Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

Серијалот Хари Потер е еден од најпознатите и најпопуларните ширум светот, па речиси и да нема личност којашто не слушнала за светот на волшебниците. Авторката Џ. К. Роулинг успеала да создаде нешто навистина магично, но понекогаш и нејзе ѝ е потребна инспирација. Дали некогаш сте се запрашале од каде ги добивала овие неверојатни идеи? Ако сакате да дознаете, продолжете со читање.

1. Безоар

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

За време на првиот час по напивки, професорот Снејп му поставува прашање на Хари за безоар, наводно моќен противотров. Но овие камења не потекнуваат од волшебниот свет на вештерките и можете да ги најдете и кај нас, обичните смртници. Безоарот е всушност топка од влакна кои не се дигестираат и се собираат во стомакот, најчесто кај козите, кравите и слоновите. Сепак, не очекувајте да ве излекуваат бидејќи воопшто не се противотров.

2. Каменот на мудроста

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

Во „Хари Потер и каменот на мудроста“ (Harry Potter and the Sorcerer’s Stone), Волдеморт е во потрага по нешто навистина моќно – камен што прави злато и го прави неговиот сопственик бесмртен. Но овој камен не е нова идеја. Свитокот Рипли од 16-тиот век прикажан на фотографијата е долг 6 метри и содржи детален рецепт за тоа како да направите ваков камен. Покрај неговата способност да го претвори секој предмет во злато, наводно оној што го имал каменот станувал бесмртен.

3. Никола Фламел

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

Никола Фламел е навистина важен лик во светот на Хари Потер. Сепак, тој бил оној којшто го создал каменот на мудроста. Дали знаевте дека Фламел бил вистинска личност која умрела во 1418-та година? На фотографијата можете да ја видите неговата надгробна плоча. Тој бил земјопоседник во средновековна Франција и постоеле многу гласини дека навистина го пронашол каменот на мудроста. Она што е уште поинтересно е тоа што кога бил откопан неговиот гроб, внатре немало тело.

4. Мандрагора

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

Хари Потер и неговите пријатели се запознаваат со ова растение за време на часот по хербологија, а растението е навистина чудно. Во книгите дознаваме дека неговото викање може да убие човек, па сите користат заштита за нивните уши. Исто така овие растенија можат да ги „излечат“ луѓето кои биле скаменети, како што се случува во „Хари Потер и одајата на тајните“ (Harry Potter and the Chamber of Secrets). Во реалноста, коренот на мандрагората навистина наликува на човек, па многу култури му припишале магични својства. Корењата и листовите на ова растение се отровни и можат да предизвикаат халуцинации.

5. Абракадабра

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

Во древните времиња се мислело дека изразот „абракадабра“ има моќ да лекува. Во медицинска книга од 13-титот век со наслов „Liber Medicinalis“, на читателите им е кажано да го напишат целиот збор, а со секое наредно пишување да отстрануваат по една буква (како што е на фотографијата). Потоа магичниот збор се ставал околу вратот со цел да ја намали треската предизвикана од маларија. Во едно интервју од 2004-та година, Роулинг изјавила дека познатата клетва „Авада кедавра“ всушност потекнува од овој збор.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар