Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи
Ако досега ви се случило да ви биде напорно читањето, па во потрага по олеснување сте наишле на конвертор кој текстот го претвора во аудио, денес е веќе возможно и спротивното. Бејблфиск е уред во вид на очила кој ги претвора изговорените зборови во текст и тоа директно пред очите на оној кој ги носи.
Видете го она што го зборувате.
Тоа е всушност софтвер за препознавање на говор кој се базира на алгоритми за помагање на слушањето кои овозможуваат препознавање на говор дури и во бучни средини. Штом зборовите се чуени, тие веднаш се преобразуваат во текст. Оваа функција ја овозможуваат вградените конторлори, додека двата микрофони детектираат од каде доаѓа звукот.Овој иновативен уред може да најде различна примена. Мрзеливите ученици можат да го применат за да се покажат при презентирање на училишните проекти, додека студентите би можеле полесно да си поминат при полагање испити. Бејблфиск може практично да се примени и во работни услови, како на пример за време на состаноци или предавања. Сепак, најкорисен е за луѓето кои имаат оштетување на слухот.Слушнатото со Бејблфиск веднаш се зачувува на флеш меморија во аудио и во текст формат, заради што е достапно и за понатамошна употреба. Ако вам ви паднат пар Бејблфиск очила во рака, сами одлучете дали ќе ги употребите или злоупотребите. Не ја обвинувајте иновативноста и креативноста за сè што може да произлезе од неа.
kade moze da gi kupam.
Vo Bitola na sirok sokak
стварно се продаваат ?