Обожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гени

Обожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гени

Дали и вие сте една од оние личности кои без размислување веднаш по будењето пијат една шолја кафе? Дали ви се случува да се наежите од само една голтка од вашето омилено кафе? Едно ново истражување сугерира дека овој вид кафеџии ја имаат љубовта кон кафето кодирано во нивната ДНК.

Обожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гени

По испитувањето на 120.000 испитаници од европско и африканско-американско потекло, генетичарите од Училиштето за јавно здравје Харвард откриле 8 генетски варијанти, 6 досега неоткриени, кои покажуваат предиспозиција кај одредени индивидуи да консумираат повеќе кафе.

Според Корнелис, главниот истражувач на оваа студија, индивидуите чија ДНК е изразена во сите 8 варијанти имаат тенденција да пијат околу половина чаша кафе повеќе од оние кои ги немаат. Дополнително, овие нови гени можат да објаснат околу 1,3 проценти од целокупното пиење кафе, односно исто толку колку што гените ги објаснуваат и другите видови однесување, како пушењето цигари или консумирањето алкохол. И покрај тоа што тие ефекти можеби ви изгледаат како да се мали, Корнелис вели дека студијата покажала зошто кофеинот влијае различно на различни луѓе. Резултатите покажале дека ние имаме тенденција да пиеме повеќе кофеин бидејќи нашето тело може да го издржи тоа без да стане анксиозно.

Но, што значи ова за нас, љубителите на кафе? Доколку мислите дека вашето утринско кафе е лоша навика, размислете повторно. Во последниве неколку години различни видови истражувања покажале огромен број придобивки од кафето. Тоа не само што ве одржува будни и фокусирани за време на првите и најтешки часови од вашата работа, туку тоа исто така може да помогне и во борбата против ракот, дијабетесот, како и во подобрување на вашиот метаболизам.

И покрај тоа што на некои луѓе не им е потребно кафе за да можат да функционираат, не грижете сè доколку вашите гени направиле да го обожавате вашето утринско кофеинско задоволство. Ако пиете кафе, во граници секако, ќе ги почувствувате сите здравствени придобивки кои доаѓаат со него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар