Обожавате долго да лежите во када со топла вода? Ова ќе ве интересира!

Обожавате долго да лежите во када со топла вода? Ова ќе ве интересира!

Научниците од Универзитетот Лоуборо спровеле интересно истражување што ќе ве замисли и конечно ќе ви даде легитимно оправдување за вашата желба да се заборавите од лежење во када со топла вода. Верувале или не, но топлата вода и опуштањето што следува од оваа навика може да влијаат на вашето здравје со истиот интензитет како и 30-минутна прошетка на свеж воздух.

obozhavate-dolgo-da-lezhite-vo-kada-so-topla-voda-ova-kje-ve-interesira-www.kafepauza.mk

Имено, тие тестирале 14 мажи така што најпрво требало да возат велосипед 1 час, а потоа да лежат во када со вода на 40 степени уште 1 саат. Иако за време на возењето велосипед потрошиле повеќе калории, опуштањето за време на лежењето во када им помогнало да стопат исто толку калории колку што би намалиле и при 30-минутно шетање.

Истражувачите исто така ја следеле и количината на шеќерот во нивната крв, а резултатите покажале дека нивото било пониско по бањањето отколку по возењето велосипед. Токму затоа и воопшто не е чуден фактот што сауната се користи како медицински третман во Финска. „Пасивното загревање“ на телото е еден од најдобрите начини да го одржувате здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Дали сте знаеле и дека времето поминато под туш може да го покаже степенот на вашата осаменост?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар