Обликот на вашите прсти отсликува интимни аспекти од вашиот карактер

Обликот на вашите прсти отсликува интимни аспекти од вашиот карактер

Изгледа на нашите дланки и прсти е запишано многу повеќе одошто мислиме. Ако должината на малиот прст нѐ опишува на љубовен план, а линиите на дланките зборуваат општо за нашиот живот, среќата и љубовта, подгответе се за нешто плус – формата на вашите прсти го открива вашиот карактер. Можеби ќе ви звучи смешно, но изненадувачки – прилично е точно.

1-oblikot-na-vashite-prsti-otslikuva-intimni-aspekti-od-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Тип А

  • Имате тенденција да ги криете вашите чувства и да се однесувате меланхолично.
  • Често се преправате дека сте цврсти и кул, и понезависни одошто навистина сте.
  • Во суштина, вие сте доста емотивен тип. Се поставувате фино кон луѓето што ги запознавате.
  • Вие сте фер личност која мрази лаги, хипокризија и измама.
  • Малку сте ексцентрични и арогантни. Не можете да поднесете многу нешта.
  • Имате големо срце и сакате да помагате.
  • Ја завршувате секоја зададена задача дури и ако не сакате.
  • Многу сакате да се смеете и го правите тоа дури и кога нешто не ви е многу смешно.
  • Сите ваши мисли можат да се видат преку вашите експресии.
  • Ладни сте кон луѓето со кои не сте многу блиски, но доста емотивни кон оние со кои сте.

Тип Б

  • Не сте навикнати да преземате иницијатива за да им пријдете на луѓето.
  • Многу сте лојални. Штом се заљубите во некој, ќе им го дадете целото свое внимание и секогаш ќе мислите на нив.
  • Вие сте во суштина многу чувствителни, но не изгледате како да сте, бидејќи често штитите нечии чувства преправајќи се дека не знаете ништо.
  • Штом одлучите да направите нешто, максимално ќе се трудите да го завршите докрај.
  • Се плашите да бидете повредени, па се преправате дека ви е добро да сте сами, но всушност не ви е.
  • Останувате смирени дури и кога се чувствувате многу вознемирени поради нешто.
  • Изгледате како силна и независна личност која секогаш зборува остро иако имате меко срце и лесно можете да бидете повредени однатре.
  • Сакате да си замислувате разни нешта. Секогаш сонувате за некој што ќе ве разбира и сака и ќе ви дава сѐ што ќе посакате.

Тип В

  • Лесно се трогнувате.
  • Лесно се откажувате од нештата кои ве прават лути и не сакате да држите лутина.
  • Не сакате предизвици и не сакате да се занимавате со нешто што ви е непознато.
  • Го почитувате мислењето на другите луѓе.
  • Понекогаш може да сте наметливи. Вашето его е многу големо кога се расправате, но потоа први се извинувате.
  • Секогаш ги чувате вашите чувства и проблеми само за себе.
  • Не сакате да се преправате и добро знаете што сакате, а што не.
  • Сакате луѓето да ви веруваат и да се потпираат на вас.
  • Имате меко срце и лесно можете да бидете повредени, па штом некој ви се извини, веднаш простувате бидејќи не можете да поднесете да бидете скарани со некого премногу долго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар