Обидете се да ја решите оваа загатка: Татко и двајца синови
Татко кој е на смртна постела има два сина и мал имот, а секој од синовите поседува по еден коњ. Таткото една вечер ги викнал своите синови и им кажал:
„Синови мои, бидејќи сум на смртна постела, би сакал нешто да се договориме. Имотот кој го имам е премногу мал да се дели на половина. Токму затоа целиот имот треба да му припадне на оној кој има побавен коњ. Оној чиј коњ е побрз, не мора да добие ништо бидејќи неговиот коњ ќе му помогне доволно сам да си заработи.“
Синовите решиле да организираат трка со цел да дознаат чиј коњ е побавен, но кога соседот дал знак за почеток, ниту еден од нив не тргнал бидејќи сакал неговиот коњ да е побавниот. Токму затоа отишле да побараат совет од еден стар мудрец. Откако тој ги сослушал им дал совет како да почнат и како да ја завршат трката, без притоа да го сменат основното правило дека оној кој има побрз коњ не треба ништо да добие.
Дали знаете што ги советувал мудрецот?
Одговор
Мудрецот ги советувал да ги заменат коњите, бидејќи така и двајцата ќе се обидуваат што побрзо да стигнат до целта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.