Обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат
Ставот кон невиноста, машкоста и сексот воопшто бил значително различен и чуден во минатото во разни делови од светот. Од зашивање на женските гениталии за да се лажира невиноста, до секс со сите мажи на свадбата – ова се најлудите светски обичаи за првата брачна ноќ.
Првата брачна ноќ има посебно место во многу култури
Колку била важна потврдува појавата на лажната девственост во Европа во текот на 19. век. Девојките кои ја изгубиле невиноста пред брак се труделе тоа да го скријат од новиот сопруг така што го лажирале крварењето ставајќи сунѓери натопени во крв. Исто така ги зашивале гениталиите за да не може нивната посилна половина да се посомнева во ништо.
Секс со сите мажи на свадбата
Во Француска Полинезија, првата брачна ноќ започнувала со песна и танц, а потоа продолжувала со сексуални односи. Тазе невестата морала да има односи со сите мажи кои се повикани на свадбата, со тоа што прв на ред бил најстариот маж, а не младоженецот.
Право на прва брачна ноќ
Во средниот век во Европа имало право на првата брачна ноќ. Мажите од благородничката класа имале право да ја одземаат невиноста на новите невести. Меѓутоа во историските писанија пишува дека постојат индикации дека такво право постоело, но дека никогаш не се користело. Сепак, селаните, наместо невиноста на својата сопруга, можеле да платат данок.
Плаќање за невиност
Во африканската земја Бенин, невиноста е на цена. Мајката ѝ ветува на својата ќерка дека ќе ѝ даде пари ако се покаже дека на првата брачна ноќа дека е невина. Како доказ таа наутро бара траги од крв на чаршафите.