Обама во студентските години
Во 1980 година, сегашниот претседател на Америка, Барак Обама, бил студент на Occidental College во Лос Анџелес. Тогаш, му пристапила една девојка по име Лиса Џек и го прашала дали сака да и позира за неколку црно-бели фотографии кои ѝ требале за нејзиното портфолио. Секако, Обама се согласил.Лиса за фотографиите вели: „Може да видите како првично позира на фотографиите, а подоцна во текот на фото сесијата, Обама се отвора. Уште тогаш беше многу харизматичен“.Лиса никогаш не го реализирала нејзиниот сон за фотографијата и денес таа е психолог.
После тоа, Лиса го видела Обама дури во 2005 година во Капитол Хил и од далеку му довикнала. За таа случка Лиса вели: „Тој точно знаеше која сум после толку долго време. Бев воодушевена“.После некое време, Лиса решила да ги најде негативите од фотосесијата. Кога ги нашла, си помислила: „Не мислев дека цел филм сум потрошила на него“.Лиса не ги развила филмовите веднаш, затоа што не сакала тие да добијат политичка димензија за време на изборите во Америка.Денес, откако ги развила сликите и ги споделила со сите, за нив вели: „Овие фотографии се историски и затоа треба да бидат споделени“.Лиса се надева дела фотографиите ќе вдахнат забава и промисленост кај секој што ги гледа.