Нумеролошка прогноза за 2017-та година

Нумеролошка прогноза за 2017-та година

Вашиот биоритамски број може да ви каже што ве очекува во 2017-та година на љубовен, професионален и здравствен план. Тој број се пресметува така што ќе ги соберете датумот и месецот на раѓање (без годината) и ќе ги претворите во едноцифрен број.

Нумеролошка прогноза за 2017-та година

Еве еден пример. Биоритамскиот број на личностите родени на 26 декември е следниов:

26 + 12 = 38
3 + 8 = 11
1 + 1 = 2

Нивниот број е 2! Во продолжение пронајдете го вашиот број и откријте што ве очекува во следната година…

Нумеролошка прогноза за бројот 1

Влегувате во година кога ќе уживате во плодовите на својот труд. Многу е важно да знаете дека ќе можете да го берете само она што сте го посадиле. Сите аспекти ви одат во прилог, но морате да се ослободите од своите стравови и од работите што ве кочат, да го канализирате своето его и суетата. Можни се големи проблеми со документацијата. Што се однесува до здравјето, обрнете внимание на течностите во телото – можни се проблеми поради месечевите фази во годината.

Внимание: Можни се две загуби!

Нумеролошка прогноза за бројот 2

Сѐ што ќе доживеете во наредната година, без разлика дали е добро или лошо, ќе го доживеете на многу побурен начин отколку досега. Она што ќе ја одбележи 2017-та година е хедонизмот и мрзливоста. Од една страна, вие ќе патувате повеќе отколку вообичаено, но малку ќе ги занемарувате деловните обврски кои ги имате. Но, доколку воспоставите добри односи со странските партнери, нема да имате криза. Можни се проблеми со килограмите, па затоа грижете се за вашата исхрана и намалете го внесувањето масна храна.

Внимание: Можни се проблеми на семеен план.

Нумеролошка прогноза за бројот 3

2017 година ќе ви биде година на уништување и стрес. Можно е сѐ што ќе ви се случува да го доживеете на постресен начин, отколку што е. Затоа, можете да имате помалку проблеми на работен или љубовен план. Единствен начин да ја постигнете целта на работно поле е редот, работата и дисциплината да станат ваше секојдневие. Исто така уште на почетокот на годината препорачливо е да почнете да се занимавате со некоја физичка активност, затоа што на тој начин ќе можете да се справите со целиот стрес. Можни се и хронични болести.

Внимание: Ова е неповолна година за работата. Можни се финансиски загуби или отказ.

Нумеролошка прогноза за бројот 4

Ова е одличен период за унапредување на оние што ги имате и за стекнување нови знаења и вештини. Во текот на 2017-та година ќе морате да се соочите со стравовите и фрустрациите од минатото. Иако тоа е многу тешко, сепак, единствено на тој начин можете да напредувате на работен и приватен план. Ова е одлична година за сите оние кои се занимаваат со маркетинг и менаџмент. На здравствен план, можни се проблеми со белите дробови и стомакот.

Внимание: Можен е сериозен судир со проблеми и личности од минатото.

Нумеролошка прогноза за бројот 5

Сите личности кои се родени во овој број ќе имаат многу интересна година, особено кога се во прашање емоциите и љубовта. Личностите кои подолг период се без партнер, во текот на 2017-та година може да очекуваат влегување во сериозна врска, па дури и стапување во брак. Жените може да се надеваат на бременост. Поради позитивното влијание на биоритамскиот број, може да очекувате подобрување на семејните односи и голем напредок во работењето, особено ако се занимавате со уметност.

Внимание: Не дозволувајте емоциите да влијаат со вашиот живот.

Нумеролошка прогноза за 2017-та година

Нумеролошка прогноза за бројот 6

Пред личностите родени во овој број претстои многу напорна година, исполнета со стрес и ненадејни пресврти, особено кога се во прашање емоциите и љубовта. Личностите кои долго време се во врска, може одеднаш да се одлучат да излезат од неа. Од друга страна, оние кои се пократко време, може да стапат во брак со личност која едвај ја познаваат. Сите овие ненадејни проблеми во вашиот живот може да ви донесат многу стрес, па затоа препорачливо е да започнете со медитација. Што се однесува до вашето здравје, можни се проблеми со ‘рбетот. Постојат опасности од пад од височина.

Внимание: Не донесувајте избрзани одлуки. Тоа може скапо да ве чини.

Нумеролошка прогноза за бројот 7

Оваа година беше полна со предизвици за вас. Добрата вест е што во 2017-та ќе пристигне олеснување. Конечно ќе се ослободите од менталните работи што ве кочат и ќе започнете со психофизичка регенерација. Со оглед на тоа, ќе треба да прифатите нови околности и нови луѓе. Не враќајте се на старите навики и опкружувања. Годината е одлична за работа. Оние личности кои имаат спортска или некој друг вид повреда, може да очекуваат заздравување. Што се однесува до љубовта, постои шанса изненадено да се заљубите. Можен е мал хируршки зафат.

Внимание: Не враќајте им се на луѓето од минатото.

Нумеролошка прогноза за бројот 8

Треба да го искористите почетокот на годината за да ги разгледате сите искуства од 2016-та година и многу е важно да извлечете поука од сѐ што ви се случило. Не бидете лути, суетни и бесни, затоа што ви следува година на простувањето и на оставање на сите лоши навики зад себе. Лошата вест е тоа што следната година ќе ви биде година на завршетоци, а не на нови почетоци. Така, ќе расчистите со проблемите кои ги имате, но тоа не значи дека во истата ќе започнете со нешто ново. Дури и ако сакате да започнете нешто ново на љубовен, работен или здравствен план, почекајте подобро време за тоа. Ова е одлична година за создавање нови контакти и патувања.

Внимание: Не започнувајте со работи за кои не сте размислиле доволно.

Нумеролошка прогноза за бројот 9

Ви честитаме! Оваа година ќе се прекине магичниот круг во кој сте влегле и конечно ќе свртите нови страници во вашиот живот. Поради тоа, важно е да поставите добра основа. Енергијата на вашиот биоритамски број е неисцрпна и огромна, па треба да ја искористите за нови почетоци. Не дозволувајте никој или ништо да ве премисли. Не бидете суетни, простувајте и прифатете нови луѓе во вашиот живот. Внимание: Не им дозволувајте на другите да манипулираат со вас!

Нумеролошка прогноза за 2017-та година


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар