Нумерологијата ви помага да го искористите денот најдобро што можете

Нумерологијата ви помага да го искористите денот најдобро што можете

Личниот број којшто се добива од збирот на цифрите во датумот на раѓање има силно влијание врз карактерот и врз животот на личноста воопшто. Но, тој број во комбинација со бројот кој се добива од конкретен датум може да даде некои насоки како тој ден најдобро да го искористите.

Нумерологијата датира од времето на стариот век, поточно од Стар Египет, и се базира на идејата дека животот се состои од циклус на броеви и дека клучот за среќа и успех лежи во поврзувањето на тие циклуси.

numerologijata-vi-pomaga-da-go-iskoristite-denot-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mk

Прво пресметајте го вашиот личен број. На пример, ако сте родени на 10 април 1986, вашиот личен број ќе биде:

1 + 0 + 0 + 4 + 1 + 9 + 8 + 6 = 29 = 2 + 9 = 11 = 1 + 1 = 2

Поточно ги собирате поединечните цифри од датумот на раѓање сѐ додека не добиете едноцифрен број. Тој број е вашиот личен број. Прочитајте за значењето на вашиот личен број за вашиот карактер.

За да ја искористите нумерологијата на дневна база, на личниот број додадете го збирот на цифрите на конкретниот датум. Овој број ќе ви помогне да откриете на што треба да се концентрирате на тој ден.

На пример, ако ве интересира како треба да го искористите утрешниот ден, 11.04, равенката ќе гласи

1 + 1 + 0 + 4 + 2 = 8

Значи ако сте родени на денешен ден во 1986, а сакате да знаете каков ќе ви биде утрешниот ден, бројот за кој треба да прочитате е бројот 8.

Број 1 – Ден идеален за пронаоѓање на сопствениот пат

Ова е совршен ден да се изборите за она што го сакате, и секако, тоа и да го одбиете. Овој број го означува почетокот на циклусот и претставува нови почетоци. Каде одите? Што сакате? Запрашајте се себеси на овој ден и вашиот инстинкт ќе ви каже кои се вашите следни чекори. Ако веќе знаете во која насока одите, тогаш денот со број 1 ќе ви донесе енергија тоа и да го остварите.

Број 2 – Идеален ден за длабоко поврзување со вашата сродна душа

Ако ви испадна бројот 2, на овој ден ќе бидете многу отворени за споделување емоции и ќе бидете полни со разбирање за другите. Ако ја барате вашата сродна душа, ова е идеален ден да се отворите и да ѝ кажете на таа личност што чувствувате. Не грижете се, интуицијата ќе ве води во процесот. Ако веќе ја имате пронајдено вистинската личност, ќе видите дека сте почувствителни за потребите на партнерот. Но, ако сте во фаза од животот во која љубовта ви е на второ, трето или десетто место, не очајувајте, бидејќи вистинската личност за вас е можеби пријателот за кого се грижите и го сакате.

Број 3 – Идеален ден за довршување на работите

На овој ден ќе бидете најпродуктивни. Не само што ќе имате енергија за задачите, туку ќе бидете способни да се фокусирате и да препознаете кои работи мора да се довршат. Така со леснотија и без многу напор ќе ги завршувате задачите и ќе ги пречкртувате од to do листата. Иако овој ден е „зафатен“ ден полн со многу задачи и работа, на крајот од денот ве чека заслужен одмор.

Број 4 – Најдобар ден да се погрижите за себе

Искористете го овој ден да го средите домот. Сите обврски кои вообичаено ве окупираат, наеднаш ќе ви се видат лесни и изводливи, како што се реорганизација на финансиите, поправање на славината или одење во теретана. Овој ден е обележан со грижата за просторот во кој живеете или грижата за сопственото тело. Затоа, ако веќе некое време го одложувате одењето на забар, фатете го телефонот и закажете термин баш за овој ден. Тоа повеќе нема да ви делува како обврска.

Број 5 – Погоден ден за изразување на чувствата

Ако се воздржувате од изразување на вашето мислење, не сте сигурни во зборовите на вашиот партнер, шеф, пријател или дете, денот означен со бројот 5 е петка за изразување и прекинување на молчењето. Тоа ќе ви дојде природно, ќе добиете ментална јасност која е потребна за искрено пренесување на чувствата, додека притоа никој нема да ви се налути или забележи.

Број 6 – Денот кога изгледате најдобро

Ова е ден за состанок. Шест е број на убавината, естетиката и сензуалноста, па не само што точно ќе знаете како да се облечете, а притоа да ги истакнете своите квалитети, туку ќе зрачите и со посебна сексуалност. Не се работи само за добар изглед, на овој ден сте свесни за својата моќ и привлечност.

Број 7 – Совршен ден за остварување на соништата

Во нумерологијата, 7 е бројот кој ги поврзува небото и земјата. Затоа, овој ден ви ја дава потребната стрпливост за да истраете и да напредувате во своите амбиции и долготрајни планови. Исто така, ќе ви се врати вербата дека е возможно остварување на соништата сѐ додека во нив вложувате труд.

Број 8 – Најдобар ден за враќање на рамнотежата во животот

Без разлика дали работите премногу и немате време за семејството или сте многу фокусирани на семејниот живот па кариерата ви стои во место, овој ден е вистинското време за повторно воспоставување на рамнотежа. Во деновите обележани со бројот 8 ќе бидете способни да смислите начин за уживање и поврзување на двата аспекти од животот, без разлика дали се работи за топол телефонски повик кон партнерот за време на паузата за ручек или пак волонтерско пријавување за нова работна задача што значи дополнителна ангажираност и преземање поголема одговорност.

Број 9 – Идеален ден за заборавање на минатото и движење кон напред

Ова е ден за трансформација кога ќе се преиспитате за сѐ што сте поминале во претходните 8 дневни циклуси. Сѐ се врти околу прифаќање на сопствените искуства, прифаќање на фактот дека сте дале сѐ од себе, дека сте научиле нешто ново и дека тоа научено го носите со себе за следните искуства. Денот со број 9 во основа се фокусира на едукација, па ова е одличен момент да испробате некоја нова вештина. Ќе бидете свесни за новата енергија која ќе ви овозможи да почнете нов циклус во животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар