Нумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?

Нумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?

Нумерологијата е наука што ја проучува мистичната врска помеѓу бројките и еден или повеќе истовремени настани. Освен тоа, ја проучува и нумеролошката вредност на буквите во зборовите, имињата и идеите. Според многумина, 2016-та беше лоша година. Ако и вие го делите истото мислење, нумерологијата ја открива причината за тоа.

Нумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?

Доколку го расчлените бројот 2016 во нумерологијата, ќе го добиете бројот 9, што значи дека оваа година нумеролозите ја нарекуваат „Година девет“.

Девет означува завршување, крај и промени

Бројот 9 означува промена во глобалната свест и општо во целиот свет. Иако Годината девет е знак на краеви, таа е исто така и почетокот на нов деветгодишен циклус. Ние треба да примениме лекциите што сме ги научиле во изминативе 9 години и да ги искористиме како водич во наредниот циклус. Освен тоа, деветката ја буди потребата за давање помош и хуманитарни подвизи, како и желбата човек да го сподели неговото лично мислење со светот. Енергијата што претходно била фокусирана на остварување на вашите лични цели сега преминува во енергија што се стреми кон промени на глобално ниво. Тука можеби ќе се пронајдат многу луѓе кои претходно не биле заинтересирани за политика или за глобалните проблеми, но сега сакаат да дадат свој придонес за светот.

Главната поента на Годината девет е да се заборави на минатото и да се почне од почеток. Според нумеролозите, старите навики и начини на однесување ќе бидат отстранети, а светот ќе почне да се менува на многу нивоа. Исто така, долго време фокусот беше на индивидуалецот, а не на општеството во целина. Мажествената енергија ќе биде заменета со поженствена во Годината девет, но доминацијата на старата ќе треба прво целосно да се искорени за да се направи простор за нови искуства.

Расчленувањето изгледа вака: 2 + 0 + 1 + 6

Секој број од Годината девет праќа одредени вибрации и има своја енергија која може да се почувствува на различни нивоа. Вибрациите на 2 се поврзани со енергиите на мирот и добрината, духовноста и соработката, трпението и работата на меѓучовечките односи. Треба да се концентрираме на толеранцијата и разбирањето, да најдеме рамнотежа во универзумот помеѓу енергиите на јин и јанг, односно доброто и лошото.

Бројот 0 е поврзан со духовната енергија. 2016 година претставуваше духовно патување и луѓето беа повикани да ја слушаат сопствената интуиција бидејќи само таа може да им го покаже вистинскиот пат.

Нумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?

Вибрациите на бројот 1 означуваат нови почетоци, независност, индивидуалност, храброст, инстинкт, упорност и преземање контрола врз сопствената реалност. Оваа енергија води во нова насока и кон нови патишта. Луѓето имаат способност и желба да се развијат на многу нивоа: Глобално, лично, професионално и духовно.

Вибрациите на бројот 6 означуваат женствена енергија која беше присутна оваа година и се поврзува со енергиите на заздравување, искреност, интегритет, верба, човечност, хуманост и мир.

Како што спомнавме и претходно, веројатно оваа година сте сакале да учествувате во нешто што може да го смени светот на подобро. Без разлика дали сте се вклучиле во политика, хуманитарни организации или сте го посветиле времето на остварувањето некоја цел во која силно верувате, сте биле фокусирани да направите позитивна промена благодарение на сите тие енергии. Сите ние чувствуваме длабока потреба да ја употребиме љубовта и грижата за да ја одржиме стабилноста сред сите овие промени што се случуваат на глобално ниво.

Што ни носи наредната година?

Универзална енергија за 2017: 2 + 0 + 1 + 7 = 10 = 1

2017 година ќе биде Година еден што значи дека време е да го посадиме семето на нашите планови за наредниот деветгодишен циклус. Бројот еден претставува можност да си ја вратите моќта и да преземете акција. Станува збор за револуционерен период, а тоа се добри вести за многумина. Можете да ги поставите вашите цели на лично и глобално ниво и тие ќе бидат остварено само доколку ја искористите енергијата на овој број и да останете упорни до самиот крај.

Иако 2016 година беше лоша и тешка, сега имате можност да станете активен набљудувач на универзалните случувања, да ги всадите овие промени во вашиот ум, да ги запишете вашите планови и да направите промени кои ќе бидат позитивни и за вашиот живот и за светот во целост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар