Нумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?

Нумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?

Секој број поседува одредена енергија што може да има позитивно или негативно влијание на нашиот живот. Истото важи и за бројот на куќата или станот каде што живеете. Па, што открива бројот на живеалиштето за станарите?

Нумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?

За да дознаете, најпрво мора да направите неколку пресметки. Ако живеете во куќа, ќе го земете предвид нејзиниот број, а ако живеете во зграда, ќе сметате со бројот на зградата и станот во којшто живеете. Сето тоа ќе го соберете и сведете на едноцифрен број. Добиениот број ќе го соберете со бројот на вашиот биоритам. Така ќе дознаете каква е енергијата во вашиот дом, какво влијание има на вас и како да ја зголемите позитивната енергија.

На пример:

Бројот на зградата е 47 = 4 + 7 = 11 = 2

Бројот на станот е 4 = 4 + 2 = 6

Биоритам = денот + месецот на раѓање

На пример, ако сте родени на 23.09, вашиот биоритам е: 2 + 3 + 9 = 14 = 5

На крајот ги собирате сите бројки: 6 (збирот од броевите на зградата и станот) + биоритам = 11 = 2 (енергијата на вашиот дом)

Пресметајте и потоа прочитајте нешто повеќе за енергијата во вашиот дом…

1 – Овој број означува индивидуалност и оригиналност. Во овој дом постојат се даваат нови идеи, се почнуваат проекти и се поставуваат нови предизвици. Но, бројот 1 носи помал успех во емоционалниот живот. Тој поттикнува осаменост и критичност во однос на другите. Единицата носи и неодлучност околу некои важни животни одлуки. Најдобро е да го уредите домот во тонови на златна, жолта или темно зелена боја, бидејќи тие ја зголемуваат позитивната енергија.

2 – Овој број симболизира промени. Во овој дом многу ретко е досадно и монотоно. Обично станува збор за едноставен дом, со блага неуредност и опуштеност. Двојката поттикнува на љубов, а станарите честопати работат од дома или работата ја носат дома. Ги интересираат области како технологија, патувања и алтернативна медицина. Понекогаш се случуваат брзоплети и погрешни потези, поради што мора да се почне од почеток. Почесто проветрувајте го домот, одржувајте ја светлината и фрлајте ги непотребните работи. Во овој дом се јавуваат чести проблеми со водата, како што е протекување на бојлерот во тоалетот.

Нумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?

3 – Жителите во овој дом се перфекционисти. Тие се љубезни и лојални пријатели, духовити и по малку екстравагантни. Имаат многу цврсти ставови кога станува збор за личната слобода и религија. Склони се кон непромислено трошење пари. Во овој дом добредојдени се сините тонови и дрвото. Мора да бидете разумни и практични.

4 – Ова е комплицирано место за живот. Четворката е симбол на конфликти каде што енергиите се борат за стабилност и промени. Бројот 4 носи чувствителност, духовност и помагање на блиските. Ова е место за издржливи луѓе со голема внатрешна сила. За нив, најважно е да си ги одредат приоритетите.

5 – Место на хармонија и емоции. Друштвеноста, смеата и комуникативноста се најизразени. Домашните се успешни во нивната работа. Тие можат да ги надминат сите препреки ако се фокусираат на приоритетите. Ова е дом каде што се случуваат некои ситни пропусти како што се губење на клучевите или заборавање да се исклучат куќните апарати. Металните предмети можат да ја намалат негативната енергија.

6 – Овој број симболизира одлучност и цврсти ставови. Или станува збор за дом на тишина и рамнотежа или пак за место со бучава и постојани промени. Бројот 6 ги извлекува емоциите од луѓето. Домашните се многу креативни и посветени на хобијата што ги релаксираат. За да ја зголемите позитивната енергија, во домот треба да преовладуваат жолти и зелени бои, а дневната соба да биде удобна.

7 – Број на сонување и фантазирање. Седмицата носи духовност, но и ранливост. На домашните понекогаш им е тешко да ја одвојат реалноста од фантазијата, па затоа имаат поинакви ставови од другите. Во овој дом највпечатлива е креативноста на луѓето. Тие исто така сакаат да чуваат домашни миленици.

8 – Симбол на почитта, силата и постојаноста. Овој број ќе им донесе углед, авторитет и слава на домашните. Тие се многу одговорни и сакаат да им угодат на луѓето. Осмицата носи и традиционални вредности, пријателство, љубов и работа.

9 – Симбол на големи поделби, различен темперамент на домашните и различни начини на размислување. Луѓето коишто живеат во овој дом се големи иницијатори, знаат што сакаат и се трудат да го добијат тоа. Тие се снаодливи и успешни во својата работа. Но, понекогаш доаѓа до повремена напнатост и збунетост помеѓу домашните.

Дознајте и што открива личниот број за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар