Новото моќно и футуристичко Ламборгини „Veneno“
Овој фантастичен модел на Ламборгини, повторно е наречен по познат бик за борби, со што оваа компанија ја продолжува својата традиција за именување на своите возила. Моделот „Veneno“ изгледа ултрафутуристички, а и неговите карактеристики се фантастични.Моторот има моќност од 750 коњски сили, развива од 0 до 100 километри на час за само 2,8 секунди, а максималната брзина која ја достигнува изнесува импресивни 350 километри на час. Ќе бидат произведени само три возила, кои ќе се продаваат по цена од 3,9 милиони американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.