Ново прекрасно откритие: Чоколадото лечи кашлица

Ново прекрасно откритие: Чоколадото лечи кашлица

Кашлањето и надразнетото грло можат да бидат многу непријатни, особено кога се случуваат во најлошите можни моменти. Токму затоа следниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација, само изедете парче темно чоколадо.

Ново прекрасно откритие: чоколадото лечи кашлица

Алин Морис, професор и раководител на секторот за кардиоваскуларни и респираторни студии на Универзитетот во Хал, Велика Британија, дошол до интересен заклучок дека чоколадото е подобро за воспаленото грло и сувата кашлица отколку некои други препишани лекарства.

Последните истражувања покажале дека пациентите кои зеле лек со екстракт од какао оздравеле многу побрзо (за неколку денови) отколку тие кои пиеле конвенционален сируп против кашлица. Друго истражување пак, кое било спроведено на Империјал колеџ во Лондон, открило дека какаото содржи алкалоид, кој го намалува кашлањето поефективно од кодеинот, состојка која често се користи како лек против кашлање.

Постои и логично објаснување: текстурата на чоколадото е полеплива отколку вообичаените лекови против кашлица, што значи дека добро го заштитува грлото со тенок слој и ги активира нервните завршетоци кои ве штитат од непрекинатото кашлање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар