Ново истражување открива што се случува со нашиот мозок кога консумираме премногу сол
Ако во вашата исхрана има премногу сол, добро е да знаете дека не му правите никаква услуга на мозокот. Одамна се смета дека премногу сол е лошо за телото, но новите истражувања покажале дека таа штети на повеќе работи освен на вашето срце и на крвниот притисок.
Истражувањето објавено во Nature Neuroscience открило дека глувците кои биле на исхрана со многу сол покажале знаци на намален ментален перформанс. Причината за ова била тоа што нивните мозоци имале недостаток од крв.
Глувците кои консумирале премногу сол покажале намалена способност за решавања задачи, а на крај дури престанале да реагираат и тиковите на нивните мустаќи. Исто така се покажала и зголемена циркулација на интерлеукин-17, воспалителна супстанца која може да ги менува хемиските сигнали во крвните садови на мозокот.
Доктор Константино Јадекола, директор на Институтотот за истражување изјавил:
„По 3 месеци глувците покажаа знаци на деменција. Тие се многу љубопитни и сакаат да откриваат нови работи, но со текот на времето тие ја изгубија способноста да идентификуваат нормален предмет. Кога глувците сакаа да градат гнезда, а ова е нешто што го прават секој ден, не можеа да го направат тоа.“
Тој утврдил дека нешто слично би можело да се случува и кај луѓето. Претходни истражувања поврзани со консумирање премногу сол и намалување на функциите на мозокот, покажале дека ова е поврзано со проблеми со крвниот притисок.
Иако треба да се консумира умерено, погледнете во кои ситуации треба да јадете повеќе сол.