Новите истражувања потврдија: Смеењето ни помага во учењето

Новите истражувања потврдија: Смеењето ни помага во учењето

Да претпоставиме дека сте се одлучиле да ѝ дозволите на вашата 18-месечна ќерка да игра некои поучни игри на вашиот таблет. Имате неколку апликации и се обидувате да одлучите која од нив ќе биде најсоодветна за вашето дете: Онаа која ги претставува буквите и бројките со музика, но е посериозна или онаа со интересните животинчиња кои постојано се растрчуваат низ екранот и ја тераат вашата ќерка да се смее и радува?

Смеењето ни помага во учењето

Бидејќи не сте сигурни дека втората апликација е добра и доволно поучна, се одлучувате за првата. „Барем ќе научи нешто“, си помислувате. Всушност, онаа апликација која е помалку сериозна и посмешна е правилната одлука.

Рана Есеили спровела едно истражување на дечиња кои се на возраст од 18 месеци и нагоре. Голем број слични истражувања ни покажале дека кога децата се смеат се зголемува и нивната концентрација, фокус, внимание, перцепција, мотивација, сеќавање и желбата за учење. Но, ова истражување било првото од овој тип кое е направено на деца кои се на 18-месечна возраст.

Децата во групата кои работеле задачи кои ги смееле и ги правеле весели имале значително подобри резултати од оние деца кои работеле во контролната група што не се смееле додека учеле и ги завршувале своите задачи. Есеили смета дека смеењето може да помогне во учењето бидејќи допаминот кој се ослободува во текот на овој процес ја зголемува желбата, но и способноста за учење. Останатите точки од истражниот процес покажале дека овој начин на учење делува и на когнитивните способности на возрасните.

Можеби е време да внесете малку смеа во вашиот метод за учење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар