Новите истражувања покажуваат кои момци се најпожелни: Резултатите ќе ве зачудат!
Многу жени се прашуваат зошто постојано наидуваат на слични партнери и често влегуваат од една во друга несреќна врска каде што се незадоволни и неисполнети. За да го одговорат нивното прашање, група научници решиле да спроведат истражување за да дознаат што е тоа што ги привлекува кај момците и како овие карактеристики влијаат на самата врска.
Резултатите, верувале или не, покажале дека жените сè повеќе и сè почесто се привлечени од мажи што се нарцисоидни, себични, понекогаш и проблематични, а неретко и со психопатски карактеристики. Колку и да ви звучи ова бизарно, истражувањето сепак докажало дека девојките и покрај сè продолжуваат да одбираат лоши момци, наместо оние добрите.
Истражувањето објавено во списанието „Еволуција и човечко однесување“ било толку детално спроведено, што собрало доволно докази да ги советува мажите почесто да бидат намуртени наместо насмеани. Резултатите покажале дека жените сакаат мажите да бидат „посилниот пол“ во вистинска смисла и визуелниот ефект на намуртен фраер е доволно за да им го привлече вниманието.
Постои слично испитување што открило и дека жените најчесто се привлечени од машката пот, односно дека оваа миризба сексуално ги возбудува и им го забрзува срцебиењето. Па што мислите вие? Дали овие резултати навистина се поврзани со реалниот живот?