Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивот

Нова топ атракција во Дубаи – огромна цветна градина која го одзема здивот

Не, не ви се причинува. Оваа неверојатно голема и колоритна градина цвета во пустинската клима на Дубаи, привлекувајќи ги посетителите кои сакаат да искусат силно сетилно воодушевување.Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотНајголемата туристичка атракција во овој регион е наречена „Дубаиско чудо од градина“ (Dubai Miracle Garden) и се состои од 45 милиони цвеќиња наредени во вид на мозаици, разни шари и форми. Биле потребни 60 дена и 400 луѓе за да се креира градина со површина од 67.000 метри квадратни. Градината се отворила за Денот на вљубените, а за неа се потрошени околу 11 милиони долари. Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотНова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотОрганизаторите се надеваат дека градината ќе се истакнува во метрополата и дека ќе ги привлече туристите кои и онака се веќе привлечени од необичната архитектура, вештачки изградените острови и највисоката кула во светот.

Да се потсетиме, ова е место каде што можете да уживате во снегот доколку го посетите првиот внатрешен ски-ресорт во Средниот Исток, но креаторите на оваа градина, очекуваат гостите да поминуваат време и надвор.

„На луѓето им е смачено од трговски центри и затворени места“ – вели Абдел Насер Рахал, генерален менаџер на фирмата за уредување земјишта „Акар“.

„Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека оваа земја не е само за екстремни градби од бетон и челик. Оваа земја има преубаво време во текот на 7 месеци, па со малку грижа може да се добие навистина убава природна креација.“

Но, како е возможно цвеќињата да живеат во регион кој е познат по суво и жешко време?

„Сезоната на цутење во Дубаи почнува од средината на октомври и трае до средината на мај. Во моментов дневните температури се движат околу 20-27 степени Целзиусови и паѓаат до 10 степени навечер. Па така, на цвеќињата не им треба премногу наводнување и водата која им се става не испарува“ – објаснува Рахал.

Истовремено, градината користи еко-систем за наводнување со материјали за задржување на водата, кои овозможуваат ефикасно обезбедување на потребната влажност.Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотНова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотПаркот го карактеризираат околу 30 врсти цвеќиња меѓу кои петунии, герании и невен. Посетителите кои се шетаат помеѓу куполите покриени со цвеќиња и пирамидите и скулптурите од цвеќиња се тотално импресионирани.

Ени Абит од Филипините е една посетителка која пишувала за своето искуство од прошетката во градината на својот блог. „Бев зашеметена“ – вели таа. Но, таа очекувала дека ќе биде многу помирно одошто било. Наспроти очекувањата, чуварите постојано ги надгледувале посетителите и свиреле со свирчиња на секој кој имал намера да допре ливче.

„Но, сепак, оваа градина толку остава без воздух, што сосема е разбирливо заштитничкото однесување на чуварите кон цвеќињата“ – вели Ени.

Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотНова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотПаркот ќе биде затворен во период од 4 месеци кога ќе биде најтоплиот период. Оваа пауза организаторите ќе ја искористат за да ја редизајнираат градината за следната сезона со нови цвеќиња и форми.

Втората фаза од овој проект ќе почне на почетокот на летово кога ќе бидат додадени градина со пеперутки, продавници и купола со растенија кои се јадат, која ќе им овозможи на луѓето да си го избираат овошјето кое го сакаат.Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотНова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотОрганизаторите се надеваат дека градината ќе биде забележана од страна на Гинисовата книга на рекорди како место со најголем цветен часовник, најдолг ѕид од цветови и најголема цветна пирамида.

Децата до 3 години можат да ја посетат градината бесплатно, додека за возрасните билетот чини 5,50 долари.Нова топ атракција во Дубаи - огромна цветна градина која го одзема здивотГрупацијата „Dubai Properties“, која е партнер во проектот очекува дека во текот на следната година, градината ќе привлече милион посетители.

Погледнете го остатокот од галеријата на следните страници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Михаела Јовановска Reply

    izgleda idejata ja zele od Mainau (ostrovot na cvekinjata) sto se naogja vo Germanija

  2. bojana Reply

    idam da te vidam

Остави коментар