Нов вештачки јајник е можеби решението за неплодност по рак

Нов вештачки јајник е можеби решението за неплодност по рак

Тим од дански репродуктивни биолози развиле нова техника за градење ткиво што го имитира човечкиот јајник, но сè уште нема клетки. Иако се потребни уште многу тестови, некои експерименти сугерираат дека структурата може да ги поддржи јајце клетките. Ова откритие можеби ќе го поплочи патот кон решение за неплодноста кај жените што преживеале рак.

Нов вештачки јајник можеби е решението за неплодност по рак

Хемотерапијата и радиотерапијата често ги оштетуваат фоликулите кои се наоѓаат во јајниците на секоја жена уште од раѓање. Жените што сакаат да зачнат по третманот имаат две опции – да зачуваат неколку од овие клетки и да се оплодат надвор од телото, или да се отстрани целиот јајник, а потоа повторно да се врати. Но бидејќи постои можност клетките на рак да навлегле во ткивото на јајникот, многу лекари не го прифаќаат вториот метод. Од друга страна, ин витро оплодувањето е скапо, заморно и не секогаш успешно.

Обидувајќи се да најдат подобро решение, доктор Сузан Порс, главниот истражувач, и нејзините колеги почнале да бараат одговор во биоинженерингот со цел да создадат ткиво кое наликува на она на јајниците. Ова ткиво сигурно нема да биде заразено со клетки од рак, но сепак ќе ја има функционалноста на органот.

Тие започнале со собирање ткиво од јајници, го третирале со хемиска бања додека не останале само протеините и колагенот. Фоликулите исто така се отстранети и замрзнати. Потоа се одмрзнуваат и се враќаат во структурата на јајникот

Необјавеното истражување покажало дека фоликулите отстранети од жените со рак добро се интегрирале во вештачките јајници и покажале знаци на созревање. Покрај тоа, кога ги трансплантирале јајниците кај глувци, една четвртина од фоликулите преживеале барем 3 недели.

Сузан Порс изјавила дека ова е прв пат човечки фоликули да преживеат надвор од човечко тело и дека вештачкиот јајник не претставува никаква закана за пациентот. Сепак, ова истражување сè уште нема докажано дали вештачките јајници би преживеале по трансплантација во тело на жена. И ако се случи тоа, научниците не знаат како ќе реагираат фоликулите и ткивото со комплицираната циркулација на хормони кај жената.

Даниел Брисон, директор на Одделот за репродуктивна медицина при Универзитетот во Манчестер, изјавил дека иако истражувањето е ветувачко, постои голема шанса овој пристап да биде неуспешен бидејќи се отстрануваат други видови клетки кои се наоѓаат во јајниците, клетки коишто се таму со причина. Исто така тој смета дека не може да се коментираат наодите од истражувањето сè додека не е прегледано од научната заедница и не е објавено во научен весник.

Погледнете и кои се 8-те работи за неплодноста за кои никој не зборува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар